Жените во Македонија генерално се соочуваат со тешкотии при пристапот до пазарот на трудот. Ситуацијата е уште потешка за жените од маргинализираните групи, особено за Ромките. Тие се изложени на „двојна дискриминација“ – од мнозинското население и од самите ромски заедници, врз основа на етничката припадност и полот, што ги турка на маргините на економското општество.
Според Извештајот на Светската банка од 2019 година, родовиот јаз во учеството во работната сила е сè уште голем, а кај Ромките постојат низа ограничувања што ги прават невработливи и економски зависни.
За да видиме како стојат работите на терен, спроведовме Мониторинг на искористеноста на активните мерки и услуги за вработување од страна на Ромките за 2020 година. Во продолжение следат неколку од клучните наоди: