Нашите два младински центри за сексуално и репродуктивно здравје „Сакам да знам“ во Скопје се наоѓаат на Водно и во Шуто Оризари и се отворени секој работен ден.
ВАЖНО! Младинските центри се отворени за прием, закажување и нудење на услуги, со почитување на протоколот за заштита (задолжително носење на маски, ракавици и дезинфекција на раце). Притоа, ХЕРА ги обезбедува сите заштитни материјали за клиентите.
Tермин може да закажете лично во нашите младински центри или телефонски на соодветните телефонски броеви дадени подолу, како и на телефонскиот број +389 (0)2 3290 395. Термин може да закажете и електронски на „Онлајн закажување прегледи“ (за тестирање за ХИВ, пишете директно на hivtest@hera.org.mk).