1. Позадина и цел на ангажманот
ХЕРА како корисник на грант во рамки на програмата за субгрантирање на Граѓанскиот ресурсен центар, со финансиска поддршка од Европската Унија, го спроведува проектот „Bridge to Fundamentals: Strengthening Citizen Participation in the EU Accession Reform Process“.
Во рамки на проектот е предвидено спроведување јавна кампања за подигнување на информираноста на граѓаните за кластерот „Фундаментални вредности“ во процесот на пристапување кон Европската Унија и неговата поврзаност со правата и услугите за граѓаните.
За утврдување на почетното ниво на информираност и проценка на промените по спроведувањето на кампањата, ХЕРА објавува јавен повик за ангажирање експерт/ка за подготовка на почетна и завршна проценка на информираноста на јавноста, анализа на добиените податоци и изработка на соодветни извештаи со наоди и препораки за идни комуникациски активности.
Проценката ќе ги опфати целните групи на проектот, вклучително и жените, младите, припадниците на ромската заедница, лицата со попреченост и лицата што живеат во сиромаштија.
Ангажманот опфаќа вкупно 9 експертски работни дена, распределени меѓу почетната и завршната фаза на проценката, во периодот од декември 2026 до ноември 2027 година.
2. Опфат на работата
- Развој на методологија, анкетен прашалник и показатели што ќе се применуваат споредливо при двете мерења.
- Стручни насоки за двете мерења, секое со најмалку 200 испитаници од целните групи. Да се овозможи анализа според релевантни карактеристики во рамките на достапните податоци и големината на подгрупите.
- Проверка и обработка на податоците од почетното мерење и подготовка на почетен извештај со основни вредности на показателите и препораки за насочување на кампањата.
- Проверка и обработка на податоците од завршното мерење и подготовка на извештај за информираноста по кампањата.
- Подготовка на завршен извештај со споредба на резултатите од двете мерења, забележаните промени и препораки за понатамошно делување.
3. Испораки и задолжителни рокови
Ангажманот опфаќа две фази на проценка на информираноста на јавноста, пред и по спроведувањето на јавната кампања, со следните рокови и очекувани испораки:
Прва фаза – Почетна проценка (декември 2026 година)
- Подготовка на методологија, анкетен прашалник и показатели за мерење на информираноста.
- Обработка и анализа на податоците од почетното мерење.
- Подготовка и доставување почетен извештај со наоди и препораки за насочување на кампањата, најдоцна до 12.2026 година.
Втора фаза – Завршна проценка (2027 година)
- Обработка и анализа на податоците од завршното мерење, по спроведувањето на јавната кампања.
- Подготовка на завршен извештај со споредбена анализа на резултатите од двете мерења, утврдените промени во нивото на информираност и препораки за идни активности, најдоцна до 01.11.2027 година.
Обем на ангажманот: 9 (девет) експертски работни дена
4. Минимални услови за учество
- Завршено високо образование од општествени науки или друга област релевантна за истражувања и анализа на податоци.
- Најмалку 7 години релевантно професионално искуство со подготовка на јавни кампањи засновани на мерење на јавното мислење, анализи, проценки на информираност или слични ангажмани.
- Најмалку 3 завршени слични ангажмани што вклучуваат анализа на податоци и подготовка на извештаи.
5. Потребна документација
- Биографија со образование, релевантно искуство и опис на улогата во наведените истражувања.
- Најмалку 3 примера или линка до слични извештаи или трудови.
- Краток методолошки пристап, до две страници, со предлог за споредливост на мерењата, обработка на податоците и толкување на резултатите.
- Потпишана финансиска понуда со број на денови × бруто-дневен надомест, вкупен бруто-износ и потврда за достапност во утврдените рокови.
6. Финансиски услови
Понудата треба да опфати 9 експертски работни дена. Максималниот бруто-дневен надомест е 12.300 денари, односно максималниот вкупен износ е 110.700 денари бруто, со вклучени даноци и сите трошоци на експертот/ката. Понуди над овој износ нема да се разгледуваат.
7. Критериуми и начин на бодување
Прво се проверуваат комплетноста на пријавата, исполнувањето на минималните услови, роковите и финансискиот лимит. Прифатливите понуди се оценуваат со најмногу 100 поени.
| Критериум | Начин на бодување | Максимум |
|---|---|---|
| Релевантно искуство | 3 слични ангажмани – 10 п 4–5 ангажмани – 15 п повеќе од 5 – 20 п |
20 |
| Квалитет на доставените трудови | Јасна методологија и точна и разбирлива анализа | 15 |
| Предложен методолошки пристап | Соодветност на методологијата, споредливост на двете мерења и план за обработка на податоците | 25 |
| Финансиска понуда | Според формулата за бодување на финансиските понуди | 40 |
| ВКУПНО | 100 |
Финансиските понуди ќе се бодуваат според формулата: (најниска прифатлива понудена цена / цена на понудата што се оценува) × 40. Најниската прифатлива понуда добива максимални 40 поени, додека останатите понуди добиваат пропорционално помал број поени.
При ист вкупен резултат, предност има повисоката техничка оценка, а потоа пониската цена.
8. Доставување пријави и избор
Заинтересираните кандидати треба да ја достават потребната документација наведена во точка 5 од овој повик, по електронски пат, на адресата konkurs@hera.org.mk, со назнака „Пријава за ангажман – почетна и завршна проценка“.
Краен рок за доставување на пријавите е 27.11.2026 година, до 16:00 часот.
Пријавите доставени по истекот на рокот, како и некомплетните пријави, нема да бидат разгледувани.
Кандидатите ќе бидат известени за резултатите од постапката најдоцна до 01.12.2026 година. Почетокот на ангажманот е предвиден за 03.12.2026 година
