Центарот за поддршка и советување на мажи е прв и единствен центар од ваков вид во нашата земја. Се наоѓа на Водно (старата амбуланта Водно) МАПА
ВАЖНО! Центарот за поддршка и советување на мажи е отворен за прием, закажување и нудење на услуги од вторник до четврток во периодот од 10:00 – 17:00 часот
Tермин може да закажете лично во центарот за поддршка и советување на мажи или телефонски на соодветните телефонски броеви дадени подолу, како и на телефонскиот број +389 70299026.
Основната цел на постоење на центарот за поддршка и советување на мажи е да се поддржат мажите во нивниот личен развој и со тоа прераснат во одговорни луѓе кои преземаат одговорност за себе и за своето однесување.
Услугите се бесплатни, доверливи и можат да ги користат сите момчиња и мажи кои се соочуват со определен предизвик во својот живот, вклучително и:
- Момчиња и мажи, со фокус на млади на возраст од 15 до 25 години
- момчиња и мажи кои се индиректно засегнати од насилство во семејството, физичко, психичко и/или сексуално насилство;
- момчиња и мажи кои се индиректно засегнати од насилство надвор од семејството, физичко, психичко и/или сексуално насилство;
- мажи кои и самите се директни жртви на насилство;
- мажи кои се во состојба на разделување од својот партнер/партнерка, вклучително и во случај на бракоразводна постапка.
Мрежата на даватели на услуги е составена од лиценцирани психолози и терапевти.