Преку мобилната гинеколошка амбуланта обезбедуваме бесплатни, доверливи и квалитетни услуги од областа на сексуалното и репродуктивното здравје за жените од тешко достапните популации (сексуални работнички и лицата кои инјектираат дроги), како и за жени од затвор, барателки на азил, мигрантки и жени од руралните средини кои имаат ограничен пристап или воопшто немаат пристап до гинеколошки услуги.
Овие услуги ги дава стручен тим составен од специјалист гинеколог – акушер и медицинска сестра – акушерка во соодветно адаптирано теренско возило, опремено со гинеколошки стол, ЕХО-апарат и потребни медицински инструменти.
Мобилната гинеколошка амбуланта ги нуди следните услуги:
– Дијагностика на сексуално преносливи инфекции (гонореја, сифилис, хламидија, трихомонијаза, кандида) преку ПАП-тест и други микробиолошки тестови
– Администрирање терапија и контрацепција (кондоми, спирала, орална и итна контрацепција)
– Советување за планирање родителство и превенција на непланирана бременост, бимануелен преглед и ЕХО преглед, тестови за бременост
– Советување за модерна контрацепција (кондоми, спирала, орална и итна контрацепција)
– Дистрибуција на бесплатни кондоми, лубриканти и едукативни материјали
Сите овие услуги се достапни во Куманово, Гостивар, Охрид, Битола, Прилеп и Струмица, а повеќе информации за локалните теренски смени (ден, час и локација) може да се добијат директно од партнерските локални организации. По потреба се организираат смени и во други градови доколку постои дефицит на услуги за сексуално и репродуктивно здравје