ХЕРА – Асоцијација за здравствена едукација и истражување објавува повик за прибирање понуди од правни лица, за креирање и спроведување на кампања за подигање на јавната свест за родовата еднаквост
- Позадина
Зголемен е трендот на ширење дезинформации во однос на родовата еднаквост и родовите аспекти во образованието, како и ширењето говор на омраза, ксенофобија и расизам. Ова директно ги загрозува младите, нивното право на здравје, на информираност и образование, но и директно го напаѓа системот на демократски вредности и човекови права кои се основа за напредок и благосостојба на сите. Процесот на воспоставување на системот на поддршка за унапредување на родовата еднаквост преку конкретни мерки за различни категории граѓани, демократските права и вредности, како и на имплементација на родовите аспекти во формалниот образовен систем е сериозно загрозен. Затоа, потребно е темелно да се запознаат граѓаните со позитивните аспекти и придобивки од унапредувањето на системските решенија за овие теми, многу важни и клучни за напредокот на секоја земја.
Во една демократска држава, граѓаните, граѓанското општество и медиумите имаат суштинска улога. Младите се исклучително важна алка во развојот на едно општество, и нивното учество и вклучување во демократските процеси треба да се поддржи и поттикне. Треба да им се даде глас, првенствено преку нивно јакнење и информирање, но, и донесување политики и мерки кои ќе им помогнат да бидат движечка сила на општеството. Интересот на децата и младите е токму во основата на образовните политики и демократските процеси, кои, се мета на дезинформации.
- Опис на активноста:
Активноста има за цел да ги промовира демократските вредности и процеси, да ја информира јавноста за придобивките од родово сензитивно образование и политики за поддршка на родова еднаквост во земјата. Особен фокус на кампањата се младите, и нивно поттикнување на младинско учество и младински активизам во сите демократски процеси кои се од нивен интерес. Кампањата треба да придонесе кон широка поддршка на јавноста на концептот на човекови права, родовата еднаквост, вклученост на сите категории граѓани, солидарност и поддршка на потенцијалот кој го имаат младите во земјата. Кампањата треба да придонесе кон информираност на јавноста и широка поддршка на започнатите системски позитивни реформи и иницирање на нови младински политики.
Кандидатите треба да ги исполнуваат и следниве основни критериуми:
- Активна компанија која е формирана согласно Законите во Република Северна Македонија, и постои најмалку 2 години.
- Спроведени најмалку пет креативни проекти и реализација на кампањи;
- Докажано портфолио во изработка на исти/слични продукти и кампањи;
- Задачи:
– Да соработува и да ги следи насоките за изработка и спроведување на кампањата од лицето назначено од ХЕРА
– Да изработи маркетинг план, слоган и визуелен идентитет на кампањата во согласност со насоките од проектниот тим
– Да понуди креативни решенија за медиумски продукти за постигнување на целите на кампањата, кои ќе бидат изработени на македонски и/или албански јазик во согласност со потребите на заедниците
– Да вклучи клучни целни групи во медиумските продукти, во соработка со ХЕРА
– Да спроведе кампања на традиционалните и социјалните медиуми во времетраење од еден месец со фокус на градовите: Скопје, Гостивар и Кавадарци
– Да обезбеди медиумски простор на најмалку 2 национални телевизии, простор за билборди и платена промоција на социјалните медиуми во времетраење од еден месец
– Да организира настан за започнување на кампањата и да обезбеди медиумско покривање на настанот
– Да изработи извештај за постигнатите резултати и да го достави до ХЕРА
- Временска рамка:
Работата на оваа активност се очекува да биде спроведена во период април- јуни 2024 година.
- Потребна документација за аплицирање
Повикот е делив по наведените задачи во точка 3.
При аплицирањето, заинтересираните компании треба да достават:
- Краток опис на компанијата
- Портфолио со сработени кампањи за дигитални медиуми со посебен осврт на теми од животна средина, одржливи навики и сл.
- Биографија од најмалку едно лице со искуство во изработка и спроведување на кампањи на традиционални медиуми, односи со јавност, маркетинг и работа на социјални медиуми, кое би било ангжирано на активноста
- Предлог концепт за медиумска кампања и/или предлог концепт по задача
- Тековна состојба не постара од 6 месеци
- Финансиска понуда по ставки
Целокупната документација треба да биде доставена на македонски јазик во електронска форма.
Предвид ќе бидат земени само оние понуди од правни лица кои ги исполнуваат условите и кои ќе испратат комплетна документација.
- Евалуација на понудите:
ХЕРА, во согласност со одредбите од договорот на проектот, ќе спроведе јавен повик за прибирање на понуди.
Евалуационата комисија ќе ги извести само оној кандидат чија понуда ќе биде избрана.
Критериумите за избор ќе бидат оценувани на следниот начин:
- работно искуство – 20 поени
- референци – 10 поени
- предлог-кампања – 10 поени
- финансиска понуда – 60 поени
Договор ќе биде склучен со онаа компанија која освоила најголем број бодови во сооднос квалитет на понуда и цена.
Пријавување
Комплетната понуда, апликантите треба да ја испратат на e-mail: konkurs@hera.org.mk најдоцна до 17 април 2024 г. 17:00 часот, со назнака предмет на пораката Понуда за ангажирање на правно лице за креирање и спроведување на кампања. Некомплетни понуди или понуди испратени по предвидениот рок нема да бидат земени во предвид.
Повеќе информации можете да добиете на тел. 02 3290 395 или на 075 533 567
Контакт лице: Драгана Каровска Чемерска, Програмска раководителка