Здружение ХЕРА – Асоцијација за здравствена едукација и истражување, објавува конкурс за вработување на комуникациски/-а специјалист/-ка во Скопје, на определено времe.
Опис на ангажман:
Комунукацискиот/-ата специјалист/-ка ги има следниве надлежности:
- Одговорен/-а за планирање, развивање, спроведување и следење на стратегии за односи со јавност;
- Одговорен/-а за градење и одржување на односи со медиумите и новинарите;
- Одговорен/-а за подготовка и дистрибуција на медиумски изјави и соопштенија за јавност;
- Одговорен/-а за управување со социјалните мрежи на Здружението;
- Одговорен/-а за креирање на содржина за веб-страниците на Здружението;
- Одговорен/-а за креирање на комуникациски материјали и публикации, презентации и други информативни и едукативни документи и продукти;
- Одговорен/а за создавање и одржување на партнерства со тимовите за комуникација во други организации и институции;
- Одговорен/а за обезбедување на транспарентност и отвореност во комуникацијата на Здружението.
Кандидат(к)ите треба да ги исполнуваат следните услови:
- Завршено високо образование
- Најмалку тригодишно искуство во стратешка комуникација
- Одлични познавања на македонскиот и англискиот јазик
- Вештини за управување со веб страни и социјални медиуми
- Насоченост кон навремено исполнување на зададените задачи
- Државјанство на Република Македонија
За предност ќе се смета:
- Познавање на процедури соработка со медиуми и меѓународни организации
- Сензибилизираност и искуство во работа со маргинализирани и социјално-исклучени групи на граѓани
- Возачка дозвола: Б категорија
Работното време е 40 часа во работната недела. Платата ќе се утврди согласно искуството на кандидатите/-ките
Најдоцна до 15 април 2024 година заинтересираните кандидат(к)и треба да достават:
- детална биографија на македонски јазик
- писмо за мотивација на македонски јазик
- потврда за завршено образование
- листа на претходен работодавач (со контакти од супервизор) за најмалку тригодишно работно искуство
Ве молиме во апликацијата да наведете телефон и e-адреса за контакт.
Кандидат(к)ите кои најдобро одговараат на горенаведените критериуми ќе бидат повикани на интервју по завршувањето на конкурсот. Во зависност од изборот, организација може да спроведе и тестирање на најдобрите кандидати.
Кандидат(к)ите кои нема да ги достават бараните документи во целост нема да бидат разгледувани.
ХЕРА гарантира дека сите пријавени кандидат(к)и ќе имаат исти услови при изборот без оглед на етничката припадност, родовата идентификација, сексуалната ориентација, возраста, брачниот и родителскиот статус, социјалниот или здравствениот статус, расата, попреченоста или која било друга основа.
Документите со назнака/предмет на пораката Конкурс за комуникациски специјалист можете да ги доставите на: konkurs@hera.org.mk