ХЕРА – Асоцијација за здравствена едукација и истражување објавува оглас за вработување менаџер/-ка во Првиот семеен центар на Град Скопје во Скопје, на определено време, за периодот од 22 јануари до 31 декември 2024 година, со можност за продолжување на работниот ангажман.
Опис на ангажманот
Ангажираното лице во Првиот семеен центар (ПСЦ) е одговорно за:
- целокупното менаџирање на работата во ПСЦ;
- спроведување интервјуа при прием на клиенти заради собирање основни демографски информации, информации за проблемот, факторите кои придонеле за него, перцепција за помошта која се бара, врз основа на што прави проценка и го одредува критериумот за вклучување на клиентите во програмата на ПСЦ;
- отворање и водење досие за корисникот/-чката и друг/-и член/-ови на семејството/партнерството и раководење на случајот на корисникот/-чката кој/-а добива услуги во ПСЦ;
- учество на состаноците за интервизија со останатите даватели на услуги од ПСЦ;
- организирање теренска работа и придружување на клиентите до институциите и до организациите кога тоа е потребно за клиентите;
- соработка со граѓанските организации и со државните институции со кои ХЕРА има потпишано Меморандум на соработка за препраќање на клиенти во ПСЦ, но и со потенцијалните идни соработници од граѓанскиот и државниот сектор, според потребите на корисниците на сервисот;
- учество во подготовката на наративни извештаи за активностите на ПСЦ и во спроведувањето на проектните и стратегиските индикатори на организацијата;
- внесување податоци во електронската база на податоци на ХЕРА и анализа поврзана со дадените услуги и опфатот на клиенти во сервисот;
- администрирање на промотивната страна на ПСЦ на социјалните медиуми и учество во промоцијата на сервисот;
- учество во иницијативи на организацијата од областа на родово базираното и семејното насилство, по проценка и во координација со супервизорот/-ката и програмската директорка.
Кандидат(к)ите треба да ги исполнуваат следните услови:
- Завршено високо образование (дипломиран/-а психолог/-инка, дипломиран/-а социјален работник/-чка, дипломиран/-а педагог/-инка);
- Професионално искуство во работа со жртви/преживеани на родово базирано и семејно насилство;
- Солидни познавања на закони, политики и програми поврзани со родово базираното и семејното насилство;
- Основни познавања на Microsoft office;
- Солидни познавања на англискиот јазик;
- Одлични вештини за комуникација и асертивно однесување;
- Изградени вештини за тимска работа и самоиницијативност;
- Сензибилизираност за работа со маргинализирани и социјално- исклучени групи на граѓани.
За предност ќе се смета:
- Работно искуство во граѓанскиот сектор;
- Повеќегодишно работно искуство во спроведување програми поврзани со родово засновано и семејно насилство;
- Искуство во работа со маргинализирани и социјално-исклучени групи на граѓани.
За оваа работна позиција е предвиден месечен надоместок според договор на определено време. Конечниот месечен надоместок ќе биде утврден врз основа на квалификациите и претходното работно искуство. Работното време е 35 часа во неделата.
Најдоцна до 14 јануари 2024 година, до 20 часот, заинтересираните кандидат(к)и треба да достават:
- Биографија на македонски јазик;
- Писмо за мотивација на македонски јазик;
- Потврда за завршено високо образование;
- Препораки од претходните работни места.
Во биографијата е потребно да бидат наведени референци и контакт-податоци од раководните лица од претходното работно искуство. Ве молиме во апликацијата да наведете и телефонски број и е-адреса за контакт.
Кандидат(к)ите кои најдобро одговараат на горенаведените критериуми ќе бидат повикани на интервју по завршувањето на огласот. Во зависност од изборот, организација може да спроведе и тестирање на најдобрите кандидати. Кандидат(к)ите кои нема да ги достават бараните документи во целост нема да бидат разгледувани.
Документите со назнака/предмет на пораката Оглас за вработување на менаџер/-ка во ПСЦ треба да се испратат на е-адресата: konkurs@hera.org.mk
ХЕРА гарантира дека сите пријавени кандидат(к)и ќе имаат исти услови при изборот, без оглед на етничката припадност, возраста, полот, родот, родовиот идентитет, сексуалната ориентација, брачниот или партнерскиот статус, бременоста или родителскиот статус, социјалниот или здравствениот статус, расата, попреченоста или која било друга основа.