ХЕРА објавува конкурс за вработување на програмски/-а асистент/ка во Скопје, на определено времe.
Опис на работни задачи:
Програмскиот/-та асистент/-ка ги има следниве надлежности:
– Извршување административни задачи поврзани со програмите, вклучувајќи подготовката на документи, организирање на средби и пишување на извештаи;
– Комуникација со членовите на програмскиот тим и други одделенија во Здружението;
– Соработка со заинтересираните страни и партнерите во односна програмските активности;
– Прибирање и анализа на податоците потребни за подготовка на извештаи и евалуации;
– Вклучување во истражување и анализа на потребите на програмата
– Вклучување во развој на нови проекти;
– Следење на трошоците поврзани со програмата и поддршка при управување со буџетите на проектите;
– Вклучување во подготовка на извештаи за проектите и програмата;
– Вклучување во организација на настани, реализација на активности и соработка со заедниците;
– Комуникација со медиумите во координација со Програмски/а раководител/ка и комуникацискиот специјалист;
– Предлага подобрувања и иновации во програмските активности.
Кандидат(к)ите треба да ги исполнуваат следните услови:
– Завршено високо образование или минимум трета година на додипломски студии (апсолвент) како вонреден студент;
– Солидни познавања на Microsoft office;
– Одлични познавања на англискиот јазик;
– Одлично познавање за работа на социјалните медиуми;
– Одлични вештини за комуникација и пишување;
– Изградени вештини за тимска работа и самоиницијативност.
За предност ќе се смета:
– Волонтерско или работно искуство во граѓанскиот сектор;
– Сензибилизираност за работа со маргинализирани групи на граѓани.
Работното време е 40 часа во работната недела. Платата ќе се утврди согласно искуството на кандидатите/-ките
Најдоцна до 15 aприл 2024 година заинтересираните кандидат(к)и треба да достават:
– Детална биографија на македонски јазик;
– Писмо за мотивација на македонски јазик;
потврда за завршено образование;листа на претходен работодавач/-и или организации за вклученост во волонтерски ангажман, со контакти од супервизор/-и (доколку е применливо). Ве молиме во апликацијата да наведете телефон и e-адреса за контакт.
Кандидат(к)ите кои најдобро одговараат на горенаведените критериуми ќе бидат повикани на интервју по завршувањето на конкурсот. Во зависност од изборот, организација може да спроведе и тестирање на најдобрите кандидати.
Кандидат(к)ите кои нема да ги достават бараните документи во целост нема да бидат разгледувани.
ХЕРА гарантира дека сите пријавени кандидат(к)и ќе имаат исти услови при изборот без оглед на етничката припадност, родовата идентификација, сексуалната ориентација, возраста, брачниот и родителскиот статус, социјалниот или здравствениот статус, расата, попреченоста или која било друга основа.
Документите со назнака/предмет на пораката Конкурс за програмски/-а асистент/-ка можете да ги доставите на: konkurs@hera.org.mk