ХЕРА – Асоцијација за здравствена едукација и истражување во рамки на проектот „Вработена Ромка = Независна жена“, поддржан од страна на шведската фондација Квина тил Квина, објавува повик за избор на Консултант за дизајнирање на предлог пилот мерка за вработување на Ромки, како дел од Националниот оперативен план за вработување.
- Вовед
ХЕРА – Асоцијација за здравствена едукација и истражување го спроведува проектот „Вработена Ромка = Независна жена“, поддржан од страна на шведската фондација Квина тил Квина, чија главната цел е да се зголеми присптапот и учеството на Ромките на пазарот на трудот.
Како дел од проектот функционира Група за застапување за еднакви можности при вработување Ромки. Групата е составена од Ромки активистки и во моментов е единствена иницијатива на Ромки која активно работи на мониторинг на спроведувањето на стратешките документи и се залага за нивно подобрување и за промовирање на родовата еднаквост во областа на вработувањето.
Активностите во проектот се однесуваат на застапување, и тоа на локално, национално и меѓународно ниво. За таа цел, проектот опфаќа мониторинг активностите преку кои се прибираат информации, податоци и факти врз основа на кои се формулираат препораките за подобрување на политиките од областа. Поточно, секоја година се спроведува мониторинг на вработеноста на Ромките во државните институции, нивната невработеност според возрасна структура и образование, како и мониторинг на искористеноста на мерките и услугите од Националниот оперативен план за вработување од страна на Ромките.
Ниското образовно ниво, слабата достапност до стручни вештини и обуки, како и немањето пристап до информации се главните пречки што ја ограничуваат вработливоста на Ромките во Република Северна Македонија. Социјалните норми и нормите во заедницата се уште едно големо ограничување за нив. Преку раните бракови им се ограничува нивното образование, заради традиционалната улога на носителки на грижата за домот, децата и повозрасните членови на семејството.
Од спроведениот мониторинг за искористеност на активните мерки и услуги за вработување сè уште се забележува ниска искористеност од страна на Ромките.
Од добиените податоци од АВРСМ и спроведениот мониторинг за 2020 година, меѓу најважните, ги издвојуваме следните добиени податоци:
– бројот на регистрирани невработени Ромки во 2020 година е зголемен за 57 % во споредба со 2019 година;
– дури 94 % од регистрираните невработени Ромки се без образование или имаат основно образование;
– во активните мерки и услуги биле вклучени 205 Ромки, или 2,6 % од вкупниот број на корисници;
– најголема искористеност на мерките за вработување од страна на Ромките има кај мерката Општокорисна работа (8,3 % или 52 Ромки) и Јавни работи (8,1 % или 34 Ромки).
– само 6 Ромки посетиле мотивациски обуки, а ниту една Ромка не била вклучена во обуки за подготовка за вработување и работа.
Врз основа на добиените податоци, евидентно е дека не постои целосна компатибилност на критериумите за користење, начинот на нивна промоција, како и самиот дизајн на постоечките мерки за вработување со специфичните потреби, квалификации и ранливоста на оваа целна група, што води кон недоволна искористеност на мерките. За таа цел, ХЕРА објавува повик за избор на Консултант/ка кој ќе креира предлог пилот мерка за вработување на Ромки, а која ќе биде дизајнирана согласно специфичните потреби на самата целна група.
- Ангажираниот/ата консултант/ка ќе треба:
– Да подготви методологија за дизајнирање на специфична мерка која ќе ги таргетира Ромките како посебна маргинализирана група;
– Да идентификува добри пракси од други земји каде постојат специфични мерки и активности кои го поттикнуваат вклучувањето на пазарот на трудот на маргинализираните групи;
– Да ја координира комуникацијата со чинителите (граѓанските организации, Министерството за труд и социјална политика, Агенција за вработување, Групата за застапување и останатите кои работат на или поддржуваат програми за вработување во државата) со цел прибирање на податоци согласно методологијата (квалитативна и квантитативна);
– Да ги анализира податоците, да собере повратни информации од соработниците за предлог пилот мерката;
– Да направи преглед на постојните документи, програми, стратегии, акциски планови и мониторинг извештаи поврзани со вработување;
– Да соработува со сите чинители (граѓански организации, државни институции важни областа за вработување) во текот на дизајнирањето на мерката;
– Да дизајнира предлог пилот мерка која ќе ги таргетира Ромките согласно нивните спецификации;
– Да подготви предлог буџет за финансирање за реализација на мерката;
– Да подготви извештај кој ќе се состои од: (1) Извршно резиме, (2) Методологија, (3) Анализа и резултати од наодите (квалитативни и квантитативни), (4) Најмалку 2 модели/добри пракси на од други земји каде постојат специфични мерки и активности кои го поттикнуваат вклучувањето на пазарот на трудот на маргинализираните групи, (5) Предлог пилот мерка со финансиска проекција за реализација, (6) Заклучоци и препораки;
– Да ја претстави предлог пилот мерката пред клучните институции и организации.
- Продукти и врменска рамка за испорака:
– До 10 март 2022 година изработка на предлог методологија за дизајнира на пилот мерка согласно специфичноста на Ромките како таргет групаи да испрати на ревизија;
– До 20 март 2022 година финализирање на методологијата
– До 10 април 2022 година ревизија на постоечки документи
– До 15 јули 2022 година да достави драфт предлог мерка
– До 10 август 2022 година да достави финална пилот мерка
– До 31 август 2022 година да достави извештај за анализата, предлог мерката и финаниската проекција за имплементација
– До 10 септември 2022 година да направи презентација на пилот мерката
За оваа консултантска услуга се предвидени 30 дена и вкупно бруто сума од 184.410,00 денари, со краен датум на завршување 15 септември 2022 година.
- Потребни квалификации
– Завршено Високо образование;
– 5 годишно искуство и експертиза во креирање на национални политики, програми за вработување и дизајнирање мерки за вработување, за што е потребно да се достави портфолио;
– 5 годишно искуство како методолог и како главен истражувач во квантитативни и квалитативни истражувања, особено во областа на вработување;
– Да има познавање за спецификите и потребите на маргинализирани групи граѓани во областа на социјални работи и вработување, со фокус на Роми;
– Течно говорење и пишување на македонскиот и англискиот јазик;
– Способност за планирање и организација;
– Насоченост кон навремено исполнување на зададените задачи.
Предност ќе имаат кандидати кои:
– Имаат познавање на националните политики за вработување, стратешки документи поврзани за Роми и Ромки;
– Имаат искуство во дизајнирање на мерки во рамки на Национиот оперативен план за активни мерки и услуги.
- Потребни документи
– Професионална биографија
– Референтна листа на претходни слични ангажмани
– Предлог на акционен план
– Предлог на методологија
– Портфолио на клиенти/организации за кои се спроведени ист тип на активности
Јавниот повик е отворен за сите заинтересирани кандидат(к)и до 18 февруари 2022 година.
Документите со назнака/предмет на пораката Јавен повик за избор на Консултант за дизајнирање на предлог пилот мерка за вработување на Ромки кандидат(к)ите можат да ги достават на следниот начин:
Електронски: konkurs@hera.org.mk
По пошта: ХЕРА – Асоцијација за здравствена едукација и истражување
ул. Франклин Рузвелт 51а/26, 1000 Скопје
Лицата коишто аплицирале ќе бидат известени за резултатите од повикот, по електронски пат, во рок од најмногу 3 дена од донесувањето на одлуката за избор.