Родовата рамноправност и унапредувањето на положбата на жените во општеството претставува едно од основните начела на демократијата и општествениот поредок. Меѓутоа, според Меѓународната организација на трудот, жените во светот се недоволно застапени во секој домен од социо-политичкиот живот, не се доволно застапени во парламентите и се далеку од сите нивоа на одлучување.
Ова е особено видливо кога станува збор за Ромките како една од најмаргинализираните групи на жени. Сакајќи да увидиме каква е ситуацијата кај нас на терен, во 2020 година спроведовме мониторинг на вработувањето на Ромките во овдешните државни институции, при што дојдовме до заклучок дека нивната застапеност не само што не е доволна, туку и дека има национални институции кои немаат ниту една вработена Ромка.
Сите податоци ќе ги најдете во извештајот од мониторингот на вработувањето Ромки во државните институции во РСМ во 2020 година, а подолу проследуваме само дел од клучните наоди: