Знаете ли што се сексуално преносливи инфекции (СПИ)? Знаете ли дека може да добиете ваква инфекција уште при првиот сексуален однос? И дека може да ви ја пренесе и партнерот кој го познавате долги години?
Знате ли дека СПИ може да добиете и при орален секс? И дека може да имате иста СПИ неколку пати во животот?
Знаете ли кои се симптомите на различните СПИ? А кој е единствениот контрацептивен метод кој штити од СПИ?
Информацијата значи здравје, па затоа подготвивме брошура во која можете да прочитате повеќе за симптомите на различните сексуално преносливи инфекции, за начинот на тестирање и за локациите каде што можете да направите бесплатно и доверливо тестирање за СПИ.
Брошурата е достапна на овој линк. Имајќи предвид дека ваквите информации се речиси недостапни за луѓето со попреченост кај нас, оваа брошура ја преведовме на знаковен јазик и во лесно разбирлив формат.
Кликнете тука за да пристапите до брошурата за контрацепција, која исто така е достапна на знаковен јазик и во лесно разбирлив формат.