Една од поважните одлуки поврзани со сексуалното здравје е семејното планирање, односно одбирањето на контрацептивен метод кој е соодветен за вашата ситуација и стил на живот.
Кога зборуваме за контрацепција, мислиме на различните методи/средства кои се користат за да се спречи непланирана бременост. Токму затоа, изработивме брошура за методите на контрацепција која информира како да се заштитиме од непланирана бременост, но и од сексуално преносливи инфекции (СПИ). Во неа се сумирани сите контрацептивни методи – и модерните и традиционалните – со информации за нивните предности и недостатоци, како и за нивната достапност во земјата.
Семејното планирање, односно контрацепцијата не придонесува за намалување на плодноста или на наталитетот на државата. Напротив, придонесува за зајакнување на девојките и жените, но и на момчињата и мажите кои на овој начин можат да донесат свесна одлука за тоа дали се подготвени да имаат деца, кога и колку и на кое временско растојание. Пристапот до контрацепција им овозможува особено на девојчињата и жените да ја планираат бременост за да не биде непланирана или непосакувана.
Брошурата за методите на контрацепција е достапна на овој линк.
Имајќи предвид дека ваквите информации се речиси недостапни за луѓето со попреченост кај нас, оваа брошура ја адаптиравме и приспособивме во лесно разбирлив формат и ја преведовме на знаковен јазик. Кликнете тука за да ја преземете во лесно разбирлив формат, а тука за да ги добиете информациите од брошурата за контрацепција на знаковен јазик.
Повеќе за сексуално преносливите инфекции можете да прочитате во оваа брошура, која е достапна и на знаковен јазик.