ХЕРА објавува јавен оглас за вработување проектен/-на координатор/-ка за родово засновано насилство во Скопје, на определено време за периодот до 22 септември 2022 година.
Опис на работната позиција, задачи и услови:
Ангажираното лице ќе биде одговорно за:
- Организирање на обуки за јакнење на капацитети на професионални тимови од граѓанскиот сектор и институциите за нудење на услуги за жртви и преживеани во специјализирани сервиси за родово засновано насилство;
- Координација на процесот за изработка на ситуациска анализа;
- Координација на мултисекторски тимови за изработка на локални акциски планови и буџети за обезбедување одржливост на специјализираните сервиси;
- Пилотирање на специјализирани услуги за родово засновано насилство во 2 града надвор од Скопје;
- Спроведување на промотивни локални кампањи за промоција на специјализираните сервиси меѓу социјално исклучени и ранливи групи;
- Административните и логистичките аспекти во спроведувањето на активности;
- Поддршка и координација на тимовите на Првиот семеен центар за семејно и родово засновано насилство на организацијата;
- Подготовка на извештаи за активностите, на програмата за родово засновано насилство и на стратегиските индикатори во согласност со потребите на донаторите и организацијата;
- Активно учествува во мрежи и иницијативи од областа на родово заснованото насилство, во претходна комуникација и координација со супервизорот.
Работниот ангажман е во период септември 2021 – септември 2022, со 40 часа работно време неделно. Предвидената плата во БРУТО износ со покриени придонеси за здравствено и пензиско осигурување изнесува 48.000,00 денари.
1.2 Кандидатите треба да ги исполнуваат следните квалификации:
- Диплома за завршено високо образование;
- Најмалку тригодишно работно искуство во раководење на проекти;
- Напредни познавања на политики и програми од областа на превенција и заштита од родово засновано насилство;
- Изградени вештини за информатичка технологија;
- Одлични познавања на македонскиот и англискиот јазик;
- Насоченост кон навремено исполнување на зададените задачи;
- Одлични вештини за комуникација и асертивно однесување;
- Изградени вештини за тимска работа и самоиницијативност;
- Сензибилизираност за работа со маргинализирани и социјално исклучени групи на граѓани.
За предност ќе се смета:
- Работно искуство во граѓанскиот сектор;
- Работно искуство во спроведување на проекти поврзани со специјализирани услуги за родово засновано насилство;
- Искуство во процеси на застапување на локално и национално ниво за унапредување на родовата еднаквост.
Заинтересираните кандидат(к)и треба да достават:
- детална биографија на македонски јазик,
- писмо за мотивација на македонски јазик и
- потврда/препорака од претходен работодавач за работно искуство.
Ве молиме во апликацијата да наведете телефон и e-адреса за контакт.
Документите со назнака/предмет на пораката Конкурс за координатор/–ка на проект за родово засновано насилство треба да се испратат елекнтронски на konkurs@hera.org.mk најдоцна до 5 септември 2021 година.
Кандидат(к)ите кои најдобро одговараат на горенаведените критериуми ќе бидат повикани на интервју по завршувањето на конкурсот.
Кандидат(к)ите кои нема да ги достават бараните документи нема да бидат разгледувани.
ХЕРА гарантира дека сите пријавени кандидат(к)и ќе имаат исти услови при изборот без оглед на етничката припадност, родовата идентификација, сексуалната ориентација, возраста, брачниот и родителскиот статус, расата, попреченоста или која било друга основа.