Во отсуство на адаптирани и приспособени едукативни материјали, повеќето од лицата со оштетен вид и слух бараат информации за сексуално и репродуктивно здравје и родово базирано насилство на интернет. Како последица, 41 % од лицата со попреченост не можат брзо и едноставно да пристапат до здравствените услуги и сервисите за заштита од родово базираното насилство.
Токму затоа, со поддршка од Фондот за население на Обединетите нации – УНФПА, изработивме брошура со основни информации за препознавање и поддршка во случај на семејно насилство и ковид-19, која им е наменета на лицата со попреченост и на давателите на услуги. Напишана на Брајово писмо и изработена во лесно разбирлив формат, ова се први брошури од ваков вид во земјата.
Брошурата со основни информации во лесно разбирлив формат е достапна на овој линк.
Брошурата е достапна и во регуларен формат за сите што сакаат да се запознааат со видовите на насилство, со влијанието на ковид-19 врз насилството, како и со насоките за тоа како и каде да побараат помош и поддршка. Оваа верзија послужи како основа за двете верзии на Брајово писмо и во лесно разбирлив формат и е достапна на следниот линк.