За потребите на социјалното претпријатие „Нега Плус“, здружението на граѓани ХЕРА – Асоцијација за здравствена едукација и истражување, во соработка со Општина Кисела Вода, објавува јавен повик за обука и сертифицирање на негувателки за помош и нега во домашни услови.
Јавниот повик се распишува во рамките на проектот насочен кон развој на социјалните услуги на локално ниво, поддржан од Министерството за труд и социјална политика на Северна Македонија.
Јавниот повик е отворен единствено за правни лица.
Обуката треба да ги исполнува следниве услови:
- Обучување и сертифицирање на 20 лица за давање на социјалната услуга помош и нега во домот;
- Обезбедување простор за одржување на обуката во согласност со предвидените протоколи и мерки донесени од Владата на РСМ за заштита од ковид-19;
- Обезбедување маски, ракавици и средства за дезинфекција за учесниците за времетраење на обуката;
- Обезбедување ужина и освежување за секое лице за времетраење на обуката.
Заинтересираните правни лица, најдоцна до 23 декември 2020 година, треба да достават:
- Пријава во која ќе ја наведат Програмата по која се изведува обуката со назнака за модулите и разграничување кои од нив ќе се одвиваат онлајн, а кои со физичко присуство;
- Временска рамка за спроведување на обуката заедно со местото на одржување на обуката; и
- Документ според кој ќе се увиди дека станува збор за верифицирана програма за обука на негуватели за помош и нега во домот.
Рок на испорака на услугата: најдоцна 15 дена од склучувањето на договорот
Начин на плаќање: целосно, до завршување на обуките
Документите со назнака/предмет на пораката: Јавен повик за прибирање понуди за обука и сертифицирање на негувателки за помош и нега во домашни услови можатда се достават електронски на negaplus@hera.org.mk
Избраниот понудувач ќе биде известен во електронска форма дека неговата понуда е прифатена, во рок од најмногу 3 работни дена од донесувањето на одлуката за избор на најповолната понуда. Во исто време, и сите други понудувачи ќе бидат известени за резултатите од повикот, односно за одлуката кој е најповолен понудувач.
За дополнителни прашања, обратете се на negaplus@hera.org.mk