ХЕРА – Асоцијација за здравствена едукација и истражување, со поддршка од Амбасадата на Кралството Холандија во Република Македонија, го спроведува проектот „Собранието и локалната самоуправа во унапредувањето на правата на ЛГБТ луѓето“. Во рамки на овој проект се предвидени активности за зголемување на свеста на јавноста за намалување на дискриминацијата и насилството врз ЛГБТ лицата во Македонија преку реализација на медиумска кампања во која пратениците се вклучени како промотори на ЛГБТИ правата. Предвидена е изработка на кампања преку видеоспот, негово емитување и промоција во медиумскиот простор.
Ве покануваме да ни ги доставите вашите понуди најдоцна до 17 октомври до 17.00 часот по електронски пат на konkurs@hera.org.mk и по пошта нa ХЕРА, ул. „Франклин Рузвелт“ 51а/26, 1000 Скопје.
Во делот на технички спецификации се обезбедени информации и детали за поедноставно осмислување на понудата.
Инструкции за понудувачите
1. Договорен орган
Договорен орган е ХЕРА – Асоцијација за здравствена едукација и истражување со адреса на ул. „Франклин Рузвелт“ 51а/26, 1000 Скопје, телефон за контакт 02/2390 395, факс 02/2556 002.
Лице за контакт кај договорниот орган е Милош Стојановиќ, телефон 3292-395, факс 2556-002, електронска адреса milos.stojanovik@hera.org.mk.
2. Предмет на договорот за набавка
Предмет на договорот за набавка е изработка на видеоспот, закуп на медиумски простор и емитување на видеоспотот на национални телевизии и промоција на портали.
Детален опис на предметот на договорот е даден во техничките спецификации во прилог на оваа документација.
3. Начин на испорака / извршување на услугата
Носителот на набавката е должен предметот на договорот да го испорача на поштенската адреса ул. „Франклин Рузвелт“ 51а/26 1000 Скопје и по електронски пат на konkurs@hera.org.mk.
4. Рок на испорака / за извршување на услугата
Носителот на набавката е должен да го испорача предметот на договорот во рок од 20 работни денови од денот на склучување на договорот за набавка.
5. Начин на плаќање
Плаќањето ќе се изврши по предавањето на готовиот продукт.
6. Право на учество
6.1. Право да достави понуда има секое заинтересирано домашно правно лице – понудувач, кое е регистрирано за вршење на дејноста поврзана со предметот на договорот за набавка.
6.2. Економскиот оператор во рамки на иста постапка за доделување на договор за набавка може да учествува само во една понуда. Сите понуди ќе бидат отфрлени ако економскиот оператор:
- учествува во повеќе од една самостојна и/или како член во групна понуда или
- учествува како подизведувач во друга самостојна и/или како член во групна понуда.
6.3. Лицата кои учествувале во изработката на тендерската документација не смеат да бидат понудувачи или членови во група на понудувачи во постапката за доделување на договорот.
7. Критериуми за утврдување на способност на понудувачите
За да учествуваат во постапката за доделување на договор, понудувачите мора да ги исполнуваат следниве критериуми за утврдување на нивната способност:
7.1. Лична состојба
- во последните 5 години, на понудувачот да не му била изречена правосилна пресуда за учество во злосторничка организација, корупција, измама или перење пари;
- на понудувачот да не му е изречена споредна казна забрана за учество во постапки за јавен повик, доделување на договори за набавка и договори за јавно приватно партнерство;
- на понудувачот да не му е изречена споредна казна привремена или трајна забрана за вршење на одделна дејност;
- понудувачот да не е во постапка за стечај или во постапка за ликвидација;
- понудувачот да нема неплатени даноци, придонеси или други давачки освен ако на економскиот оператор му е одобрено одложено плаќање на даноците, придонесите или другите давачки во согласност со посебните прописи и истите редовно ги плаќa;
- на понудувачот да не му е изречена прекршочна санкција – забрана за вршење на професија, дејност или должност, односно привремена забрана за вршење одделна дејност, и
- понудувачот е должен да дава точни податоци и да ги доставува податоците што ги бара договорниот орган.
7.2. Способност за вршење професионална дејност
Понудувачот треба да е регистриран како физичко или правно лице за вршење на дејноста поврзана со предметот на договорот за набавка или да припаѓа на соодветно професионално здружение согласно со прописите на земјата каде што е регистриран.
7.3. Техничка или професионална способност
Критериуми за утврдување на техничката или професионалната способност на понудувачот се: работни ангажмани во областа на социјалната правда и борбата против дискриминација, како и работа на кампањи на невладини организации.
8. Начин на докажување на способноста на понудувачот
Понудувачот го потврдува исполнувањето на критериумите за утврдување на личната состојба, професионалната дејност и професионалната способност со изјава која ја доставува во прилог (Прилог 2) на својата понуда и со поднесување на биографија на компанијата. (Прилог 3)
9. Изготвување и поднесување на понудите
9.1. Понудата се изготвува во согласност со условите предвидени во тендерската документација во електронска форма и печатена форма, со користење на обрасците дадени во прилог.
9.2. Елементи на понудата
Понудата треба да е составена од следниве елементи:
- Образец на понуда (Прилог 1),
- Документ за регистрирана дејност
- Биографија на компанија со истакнати работни ангажмани за комуникациски материјали во областа на социјалната правда и борбата против дискриминација, како и работа на кампањи на невладини организации. (Прилог 3)
- Изјава (Прилог 2)
9.3. Јазик на понудата
Понудата, како и целата кореспонденција и документи поврзани со понудата кои се разменуваат со понудувачот, се пишуваат на македонски јазик со користење на неговото кирилско писмо.
9.4. Период на важност на понудата
Периодот на важност на понудата ќе изнесува 20 работни денови од денот утврден како краен рок за поднесување на понудите/ на јавното отворање за чие времетраење понудата во сите нејзини елементи е обврзувачка за понудувачот.
9.5. Цена на понудата
Цената на понудата се пишува со бројки и букви.
9.6. Валута на понудата
Цената на понудата се изразува во денари.
10. Затворање и обележување на понудите
10.1. Понудувачот го приложува оригиналниот примерок во затворен внатрешен плик кој го содржи називот на понудувачот со целосна и точна адреса.
Внатрешниот плик се приложува во затворен надворешен плик кој:
- е адресиран со точна адреса на договорниот орган,
- во горниот лев агол стои ознака „НЕ ОТВОРАЈ“
„НЕ ОТВОРАЈ“ За оглас: Заштита од насилство и дискриминација за ЛГБТИХЕРАул. „Франклин Рузвелт“ 51а/261000 Скопје
|
10.2 Краен рок и место за поднесување на понудите
- Краен рок за поднесување на понудите е 17 октомври 2018 година до 17.00 часот.
- Понудите се поднесуваат електронски на konkurs@hera.org.mk и по пошта на ХЕРА ул. „Франклин Рузвелт“ 51а/26 1000 Скопје
10.3. Понудата која е поднесена по истекот на крајниот рок за поднесување на понудите нема да биде примена.
11. Критериум за доделување на договорот
11.1 Критериум за доделување на договорот за набавка е економски најповолна понуда.
За носител на набавката ќе биде избран оној економски оператор чија понуда ќе биде оценета како економски најповолна, односно која ќе освои најголем број на бодови како збир на бодовите за секој елемент на критериумот економски најповолна понуда.
11.2 Како елементи на критериумот економски најповолна понуда се земаат:
- цената 60 бодови
- креативното решение 40 бодови
12. Информации од доверлив карактер
12.1. Договорниот орган ќе ги заштити информациите кои економскиот оператор ги има означено како доверливи, особено кога станува збор за деловна тајна или права од интелектуална сопственост, освен во случаите каде што по сила на закон договорниот орган е должен да ги достави овие информации до надлежните органи.
12.2. Доколку економскиот оператор не ја достави листата на доверливи информации заедно со својата понуда, договорниот орган ќе смета дека предметната понуда не содржи информации од доверлив карактер.
12.3. Цената на понудата не се смета за доверлива информација во ниту еден случај.
13. Известување за доделување на договорот за набавка
13.1. По завршувањето на изборот, до сите учесници автоматски се испраќа известување за економскиот оператор којшто поднел најповолна понуда во текот на негативното наддавање. Известувањето е од информативен карактер и не предизвикува правни последици.
13.2. Избраниот најповолен економски оператор ќе биде известен во електронска форма дека неговата понуда е прифатена, најдоцна во рок од 3 дена од донесувањето на одлуката за избор на најповолната понуда. Во исто време, и сите други економски оператори ќе бидат известени за резултатите од тендерот, за одлуката кој е најповолен економски оператор, како и за причините за неизбор на нивната понуда.
Технички спецификации
Предметот на набавка е делив на следните делови:
Дел 1 Идеа – сценарио за видео спот
Дел 2 Продукција на видео спот
Дел 3 Медиа план
Дел 1 и 2
Позадина
Моментално, важечкиот Законот за заштита од дискриминација не ја наведува сексуалната ориентација и родовиот идентитет како основа за дискриминација. Сепак, праксата на Комисијата за заштита од дискриминација укажува дека бројот на претставки за ваков тип на дискриминација се бројни. Дополнително, во изминативе години се забележа низа насилни напади на активисти, граѓански организации и ЛГБТ граѓани и граѓанки во јавен простор. Од нив се издвојуваат каменувањето на и обидот за подметнување на пожар на ЛГБТ центарот, како и нападот на кафе барот Дамар. Најголем дел од овие случаи се уште не се разрешени, а насилниците не се казнети.
Новиот Предлог-закон за заштита и спречување од дискриминација во својата финална верзија ги вклучи овие основи. Истиот треба да биде изгласан од Собранието и се надеваме ќе биде прв позитивен чекор во борбата против дискриминација на ЛГБТИ луѓето. Оваа година за прв пат се формираше Интерпарламентарна група за унапредување на правата на ЛГБТИ луѓето, која брои 14 пратеници од различни политички партии кои во Собранието застапуваат и се залагаат за подобрување на законските решенија и нивна подобра имплементација во однос на дискриминацијата врз основа на сексуална ориентација и родов идентитет. Работата на Интерпартиската парламентарна група е насочена кон делегитимизација на насилството и дискриминацијата врз ЛГБТИ луѓето преку застапување врз основа на аргументи и факти, нешто кое константно беше спречувано сите овие години, сè со цел демонизирање на овие граѓани, ширење невистини и креирање лажна слика во општеството обележувајќи ги како „неприродни“, „нездрави“ итн.
И покрај генералниот напредок во јавните заложби на власта и институциите за унапредување на правата на ЛГБТИ луѓето, Македонија според најновиот извештај на ИЛГА Европа, повторно го зазема 41-то место, кое е и најниското во цел регион во однос на подобрувањето на правата на ЛГБТИ заедницата.
Препораките на меѓународните институции за човекови права кои ја следат примената на конвенциите ратификувани од Република Македонија се едногласни во ставот дека Македонија треба да ги преземе итните мерки за да ги заштити ЛГБТ лицата од дискриминација и насилство.
Повеќе информации:
Годишни извештаи на Комисијата за заштита од дискриминација, Годишен извештај на ХЕРА за 2017 година, Годишен извештај на Коалицијата „Маргини“, Извештаи на ЛГБТИ Центарот за поддршка
Цели:
- Зголемен е бројот на граѓани кои се информирани дека ЛГБТ граѓаните во Македонија се соочени со насилство и дискриминација;
- Зголемен е бројот на граѓани кои сметаат дека дискриминацијата на ЛГБТИ граѓаните треба да сопре исто како и дискриминацијата по која било друга основа.
- Зголемена е видливоста на Интерпартиската парламентарна група за ЛГБТИ прашања
Целна група:
Општа популација: граѓани кои сметаат дека ЛГБТ граѓаните ги уживаат сите права, дека не се изложени на дискриминација и насилство, дека бараат поголеми права од останатите, дека треба да ги живеат своите животи само во сферата на приватното, дека е модерно да се биде геј.
Пристап
Преку креирање на пораки, јасно да се прикаже дека пратениците членови на Интерпартиската парламентарна група за унапредување на правата на ЛГБТИ луѓето се залагаат за не-дискриминација и ненасилство врз оваа маргинализирана група.
Притоа, треба да се акцентира улогата на политичарите и работата на Интерпартиската парламентарна група следејќи ги дополнителните насоки:
- Да се прикажат ставовите на пратениците за демократските вредности на општеството, почитувањето на различноста и промоција на еднаквоста
- Да се прикажат ставовите на пратениците дека законите и институциите треба да ги штитат сите граѓани, подеднакво
- Да се прикаже дека различната сексуална ориентација и родов идентитет изгледаат „нормално“ доколку не се забранети и осудени од општеството;
- Да се прикаже какво е влијанието на дискриминацијата и насилството врз животот на ЛГБТ граѓаните;
- Да информира дека ЛГБТ граѓаните мора да бидат еднакви и рамноправни со останатите граѓани.
Технички карактеристики:
Операторот во понудата треба да обезбеди сценарио и главна порака. Ќе се смета за предност доколку операторот понуди и визуелен приказ на сценариото во форма на story board.
Спотот треба да биде изготвен во две верзии:
- Долга во времетраење до 60 секунди
- Кратка 15 секунди
Двете верзии треба да имаат превод на албански јазик во форма на титл.
Дел 3 Медиа план
Операторот во понудата треба да обезбеди Медиа план и буџет.
Медиа планот треба да се однесува на распоредот на емитување на двете верзии на видеоспотот (кратка и долга) на две национални телевизии. При тоа, треба да се понуди медиа план кој ќе содржи понуда од четири национални телевизии заради оставање на можност за избор како и план за емитување во период од еден месец за термин од 17 до 22 часот. Исто така, медиа планот треба да содржи и промоција на интернет портал.
Временска рамка:
Економскиот оператор треба да се води од следнава временска рамка:
ВРЕМЕНСКА РАМКА | ||
АКТИВНОСТ | МЕСЕЦ | |
Продукција на видеоспот | До 14 ноември | |
Емитување на видеоспот | 14 ноември – 14 декември | |
Буџет
Економскиот оператор треба да достави листа со поединечни цени без ДДВ за секое одделно идејно решение понудено во соодветниот дел од предметот на набавка (за деловите 1-5). Буџетот треба да се прикаже без ДДВ.