Настојувајќи да им ги доближи актуелните предизвици околу репродуктивното здравје и права на Ромките првенствено на надлежните институции, но и да ги поттикне да преземат мерки за нивно унапредување, Иницијативата на жени од Шуто Оризари го издаде вториот број на Весникот на жени од Шуто Оризари.
Посебно место во овој број има малолетничката бременост која овојпат се разгледува низ призмата на психолог кој работи токму на оваа тема во младинскиот центар „Сакам да знам“ во Шуто Оризари. На оваа тема, како и на приоритетите на локалната власт се осврнува Претседателката на Советот на Општина Шуто Оризари во интервјуто за Весникот кој, меѓу другото, ги донесува и личните приказни на дел од параправничките и теренските работнички на Иницијативата на жени од Шуто Оризари.
Вториот број на Весникот на жени од Шуто Оризари е достапен на македонски јазик на овој линк. Доколку сакате да добиете подобра слика за репродуктивното здравје и права на Ромките, пролистајте го и првиот број.