Сакаме нација без дискриминација и веруваме дека ако е вообичаено, не значи дека е праведно што ЛГБТИ луѓето живеат опкружени со стигма, дискриминација и насилство од омраза против кое надлежните воопшто не реагираат или постапуваат селективно меѓудругото и затоа што сексуалната ориентација и родовиот идентитет сè уште не постојат како основи за дискриминација во Законот за заштита и спречување од дискриминација. 

Токму затоа од 2014 година наваму во фокусот ни се и правата на ЛГБТИ заедницата во Македонија. Заедно со Коалицијата „Маргини“ работиме со Комисијата за заштита од дискриминација која во 2015 година го усвои Протоколот за утврдување на постапката за постапување во случаи за заштита од дискриминација врз основа на сексуална ориентација и родов идентитет. Заедно со Коалицијата „Маргини“ и во соработка со општинските чинители формиравме локални координативни тела за заштита од дискриминација во Куманово, Штип и Струмица кои усвоија протоколи за унапредување на соработката на локалните механизми за заштита од дискриминација. А по промената на власта, заедно со членките на Националната мрежа против хомофобија и трансфобија каде што имаме улога и на секретаријат од 2018 година, го инициравме формирањето на Интерпартиската парламентарна група за унапредување на правата на ЛГБТИ луѓето во Собранието. 

Повеќе: