Дискриминацијата врз основа на сексуалната ориентација и родовиот идентитет и постојаната стигматизација на ЛГБТИ заедницата се широко распространети во македонското општество. Препознавајќи ги важноста на Комисијата за заштита од дискриминација (КЗД) како еден од најпреферираните механизми за заштита од дискриминација и неопходноста од континуирано градење на нејзините капацитети, за потребите на ХЕРА, Центарот за истражување и креирање политики спроведе проценка на потребите на КЗД.
Проценката ги утврдува и анализира моменталните знаења, ставови и практики за сексуалната ориентација и родовиот идентитет во однос на посакуваната состојба по ова прашање. Укажувајќи на значајните разлики помеѓу постојната состојба и посакуваните капацитети на КЗД, проценката ги идентификува потребите за градење на капацитетите и дава соодветни препораки со цел поефективна и поефикасна заштита од дискриминација.
Документот е достапен на македонски јазик.