ХЕРА заедно со Коалицијата Сексуални и здравствени права на маргинализирани заедници, а со поддршка на Амбасадата на Кралството Холандија во Македонија, од денес ја започнува кампањата за заштита од дискриминација врз сите основи, вклучувајќи ја и сексуалната ориентација и родовиот идентитет. Главната
порака на кампањата е „Ако е вообичаено, не значи дека е праведно. Три пати мери, еднаш сечи, но никогаш не дискриминирај!“
Во проектот за унапредување на механизмите за заштита од дискриминација на локално ниво се вклучија Народниот правобранител на Република Македонија, Министерството за правда и Комисијата за заштита од дискриминација, како и општините Куманово, Штип и Струмица. Притоа се спроведе истражување за
потребите на локалните механизми за заштита од дискриминација, по што следеа обуки и прилагодување на позитивните пракси од Холандија. Од овој процес произлезе идејата во кампањата да се стави главен акцент на дискриминацијата и вознемирувањето од омраза засновани на род, социјален статус, како и сексуална ориентација и родов идентитет.
Видеата, дел од кампањата, може да ги погледнете на овој линк (за македонската јазична верзија) и тука (за албанската јазична верзија)