Процената е изготвена во рамките на проектот „Заштита од дискриминацијата на ЛГБТ на локално ниво“, кој го спроведуваат ХЕРА и Коалицијата Сексуални и здравствени права на маргинализираните заедници. Таа има за цел да ги утврди организираноста на механизмите за заштита од дискриминација на локално ниво, нивните капацитети за спроведување на законските надлежности и ефикасноста во заштитата од дискриминација, особено на дискриминацијата врз основа на родот, сексуалната ориентација и родовиот идентитет.
Резултатите од процената ќе помогнат во понатамошно формулирање на активностите во насока на подобрување на постапувањето на институциите на локално ниво, градење на нивните капацитети и овозможување поквалитетна заштита од дискриминација врз основа на полот, родот, сексуалната ориентација и родовиот идентитет.
Документот е достапен на македонски, албански и англиски јазик.
Година на издавање: 2016