Менување на перспективите: ставови и перцепции на граѓаните за родовата еднаквост – комуникациски пакет за граѓански организации
Пред вас е документ од спроведено истражување на јавното мислење чија цел е да направи преглед на ставовите и перцепциите на граѓаните поврзани со родовата еднаквост.
Наодите се однесуваат на типични сте реотипи и предрасуди на населението во оваа област, кои можат да бидат адре сирани преку широка соработка и преку институционално дејствување. Целта е и да се идентификуваат точките според кои можат да се пронајдат по врзаности и разлики меѓу граѓаните по однос на родовите улоги во семејството, ставовите за наследување, перцепција та за лидерство, ставовите за учеството на жените во политиката, на пазарот на трудот и сѐ друго што ја сочинува теков ната поларизација на односите меѓу ма жите и жените, девојките и момчињата.
Крајната цел од исходот на истражувањето е изнаоѓање можни точки на поврзување на сите чинители врз основа на добиените податоци, како и можно дејствување за унапредување на родовата еднаквост. Целокупниот текст содржи краток тео ретски дел, меѓутоа клучните наоди од студијата се базираат врз податоците из ворно добиени од истражувачките алат ки, кои вклучуваат теренска анкета, фо кус-групи и професионални интервјуа.
Публикацијата е достапна на македонски, албански и англиски јазик.
Дополнително, од истражувањето за јавното мислење за родовата еднаквост беше подготвена и публикацијата Менување на перспективите: Ставови и перцепции за родовата еднаквост – Комуникациски пакет за политичари и политички партии, достапна на македонски, албански и англиски јазик

