Менување на перспективите: Ставови и перцепции за родовата еднаквост – Комуникациски пакет за политичари и политички партии
Пред вас е документ во кој ги презентираме наодите од истражувањето на јавното мислење за ставовите и перцепциите поврзани со родовата еднаквост. Клучните наоди од студијата се базираат врз податоците добиени преку три истражувачки алатки, кои вклучуваат анкета, фокус групи и професионални интервјуа. Анкетата на јавното мислење е спроведена теренски (лице в лице) на репрезентативен примерок од 1 100 испитаници на национално ниво, разделени според пол, возраст, етничка припадност и место на живеење (урбано/рурално). Граѓаните даваат поддршка да се продолжи работата во делот на родовата еднаквост. Тие ја гледаат родовата еднаквост како човеково право и како основа за постигнување напредок на нашето општество. Ова е целосно во согласност со обврските и напорите на државата да се постигне еднаквост во законот, но и еднаквост во реалниот живот. Во оваа насока се и напорите на државата кон постигнување на глобалните развојни цели, особено Цел 5 која се однесува на родовата еднаквост. Според Обединетите нации, таа подразбира дека се земаат предвид интересите, потребите и приоритетите и на жените и на мажите, девојчињата и момчињата, со што се препознава различноста на различни групи жени и мажи.
Публикацијата е достапна на македонски, албански и англиски јазик.
Дополнително, од истражувањето за јавното мислење за родовата еднаквост беше подготвена и публикацијата Менување на перспективите: Ставови и перцепции за родовата еднаквост – Комуникациски пакет за граѓански организации, достапна на македонски, албански и англиски јазик

