Дискриминацијата е појава која се јавува во рамките на секоја локална заедница, врз различни основи, преку различни облици и во области коишто се во надлежност и на централните и на локалните власти.
Со цел поднесување на претставки за заштита од дискриминација поткрепени со соодветни факти и докази и со јасно утврдени елементи на дискриминација, неопходно е пристап до правна помош за жртвите. Со оглед дека е висок процентот на граѓаните кои се во лоша материјална положба, а се истовремено жртви на некаков облик на дискриминација по различни основи, неопходно е вклучување на повеќе актери и институции со цел пријавување и санкционирање на чиновите на дискриминација.
Во соработка со општините Куманово, Штип и Струмица, ги изработивме овие протоколи за унапредување на локалните механизми за заштита од дискриминација.
Целта на овој протокол е да го унапреди поднесувањето на претставки од страна на жртвите на дискриминација на локално ниво, да ја опише улогата на координаторите за еднакви можности и соработката со подрачните одделенија на Министерството за правда во општина Струмица во процесот на давање на бесплатна правна помош на жртвите и посредувањето со Народниот правобранител и Комисијата за заштита од дискриминација, вклучително и надлежностите и интерната постапка на овие институции одговорни за заштита од дискриминација.
Протоколот за унапредување на соработката на локалните механизми за заштита од дискриминација во општина Куманово е достапен на македонски јазик [тука] и на албански јазик [тука], за општина Штип [тука] и за општина Струмицца [тука].