Почитувани претставници од граѓанските организации,
Во периодот од 14 до 17 март 2017 година, во Скопје, во просториите на ЕУ Инфо Центар ќе се одржат 4 ИНФО ДЕНОВИ на темата „Социјалното претприемништво и граѓанските организации“. Целта на Инфо сесиите е да се даде можност на граѓанските здруженија да се вклучат во процесот на вработување на лица од маргинализираните заедници со акцент на работоспособни Ромки. Настаните се со почеток од 11:00 до 14:00 часот, освен во вторник 14.03.2017 при што настанот ќе започне од 14:30 до 17:30 часот.
На сесиите ќе биде промовиран ПРИРАЧНИК ЗА СОЦИЈАЛНО ПРЕТПРИЕМНИШТВО што ќе содржи информации за поддршка на граѓанските организации во однос на КРЕИРАЊЕ СОЦИЈАЛНИ ПРЕТПРИЈАТИЈА. Водичот ќе обезбеди кратка историја на социјалното претприемништво, модели на социјални претпријатија и чекори за start-up бизниси.
После Инфо сесиите, во следните месеци ќе следуваат два сета обуки наменети за различни целни групи:
1. Обуки наменети за интеграција на Ромки на пазарот на трудот:
– Четири обуки за стручно оспособување на 80 Ромки,
– Сертифицирана обука за палијативна нега на стари лица за 20 Ромки.
2. Обуки за градење на капацитетите на граѓанските здруженија во областа на социјално претприемништво:
– Четири обуки за формирање СОЦИЈАЛНИ ПРЕТПРИЈАТИЈА.
– Индивидуално Онлајн менторство од страна на ЕУ експерти. Менторството е наменето за граѓански организации кои сакаат да отворат социјално претпријатие за интеграција на лица од маргинализирани заедници (со акцент на работоспособни Роми) на пазарот на трудот.
Сите заинтересирани организации се охрабруваат да се пријават на отворените ИНФО ДЕНОВИ за некој од дадените термини најдоцна до СРЕДА 8 МАРТ 2017 година со назнака: за Инфо денови, Име и презиме и функција на претставникот, Организација и ден за кој се пријавува. Пријавувањето е по електронски пат на адреса dragana.karovska@hera.org.mk.
Организациите кои ќе ги посетат Инфо деновите ќе добијат Прирачникот за социјално претприемништво, ќе можат да номинираат работоспособни Ромки за првиот сет обуки и да влезат во потесен круг за учество во вториот сет обуки/Обуки за градење на капацитети на граѓански здруженија. Настаните се организирани од страна на Здружението ХЕРА – Асоцијација за здравствена едукација и истражување во рамките на ЕУ проектот „Зајакнување на Ромките преку создавање на социјално претпријатие“. Целта на проектот е да се придонесе кон вработување на Ромките во Скопје, преку создавање на социјално претпријатие. Со проектот се очекува да се зголемат можностите за вработување на Ромките, конкретно во секторот за палијативна нега, преку промовирање на модел на социјално претпријатие како и зајакнување на капацитетите на граѓанските организации во креирањето на социјално претпријатие.
Повеќе информации кај: Драгана Каровска Чемерска, проект координаторка dragana.karovska@hera.org.mk; тел. +38923290395
Повикот може да го преземете тука.