Анализата на социјалните претпријатија како можност за вработување Ромки – нов пристап кон решавањето на социјалните проблеми ги открива наодите од анализата на 7 социјални претпријатија (СП) на територијата на Град Скопје за сервисите што ги нудат преку кои вклучуваат лица од маргинализирани заедници со акцент на Ромки. Тоа дава наоди за поврзаноста меѓу социјалните претпријатија и вработување на Ромки и лица од ранливи групи и заедници како можна мерка за нивна работна интеграција. Анализата дава наоди за активностите што ги превземаат СП за зголемување на вработливоста на ранливите или тешко вработливи граѓан(к)и и нивно работно ангажирање. Анализата се осврна на процесот на вклучување на Ромките од Скопје на пазарот на трудот и градење на нивната вработливост. Анализата открива наоди за предизвиците со кои се соочуваат социјалните претпријатија но и тешко вработливите групи граѓани со посебен акцент на жените од ромска популација. Истражувањето исто така открива колку од испитаните социјални претпријатија користеле мерки за вработување од Годишна Програма на АВРСМ и МТСП и дава наоди за искуствата од искористените мерки.
Истражувањето не ги опфаќа сите невладините организации, мали, среди и социјални претпријатија на територијата на Град Скопје ниту пак сите долгорочно невработени Ромки од Скопје. Наместо тоа, се фокусира на оние социјални бизниси што се препознаени во заедницата а се водени од различни правни ентитети, регистрирани под различни правни форми, и сервиси во кои работно се ангажираат долгорочно невработени лица. Со вклучување на други правни форми во ова истражување резултатите веројатно ќе бидат потценети. Истражувањето претставува обид да се претстави социјалното претприемништво како модел за социјална инклузија на долгорочно невработени Ромки и нивно вклучување на пазарот на трудот. Целта е да се направи истражување на пазарот на постоечките социјални претпријатија кои вработуваат лица од маргинализирани заедници. Истражувањето ќе ни помогне да идентификуваме предизвиците на кои наидуваат СП, но и пречките со кои се соочуваат Ромките од Скопје при процесот на работна интеграција.