ХЕРА – Асоцијација за здравствена едукација и истражување објавува барање за прибирање понуди од физички лица, правни лица, консултантски куќи, здруженија на граѓани или фондации регистрирани согласно Законот за здруженијата на граѓани и фондации, за видео продукција – изготвување и испорака на едно документарно видео и кратка верзија од видео спотот.
Ангажманот е во рамките на проектот „Отвораме можности“, поддржан од Европската Унија во рамки на Програмата за поддршка на граѓанското општество и медиумите 2016-2017 година од Инструментот за пред-пристапна помош.
За проектот:
Сиромаштијата се уште е широко распространета кај Ром(к)ите во нашата држава. Тие се исклучени од различни аспекти на општествениот и економскиот живот, вклучувајќи го вработувањето, домувањето и образованието. Нема сомневање дека постои дискриминација на Ром(к)ите на пазарот на трудот, што во голема мера може да го објасни јазот во вработувањето помеѓу ромската и неромската популација во државата. Сепак, состојбата со вработувањето на Ромите останува еден од најзагрижувачките фактори кои го попречуваат нивното целосно учество во општеството. Повеќето Ром(к)и се невработени, немаат соодветно здравствено осигурување, живеат во несоодветни услови за живеење и се социјално исклучени. Акцијата ќе придонесе во поврзување на ромската заедница, граѓанските организации и локалната власт со цел да се создаде нов модел на соработка за справување со социјалната исклученост на пазарот на трудот. И покрај недостатокот на цврста концептуална, правна, институционална и политичка рамка, социјалните претпријатија со години се развиваат во разни правни форми и на разни правни основи, како што се Законот за заштитни друштва, Законот за мали и средни претпријатија, Законот за здруженија на граѓани и фондации, Законот за трговски друштва и др. Се водеа дебати околу донесување на закон за социјално претприемништво, којшто би го поттикнал развојот на социјалното претприемништво. Сепак, клучно е да се регулира статусот на организациите и да се задоволат потребите на ранливите групи граѓани. Практиките на ЕУ покажуваат дека дури и ако националниот закон е во фаза на изработка, можностите за развој на политики и практики на локално ниво можат да бидат корисни за граѓанските организаци и да учествуваат во инклузијата на Ромите, нудејќи конкретни мерки, на пример, работни места преку основање на социјални претпријатија. Затоа, неопходно е понатамошно зајакнување на капацитетите на граѓанските организации за водење дијалог во однос на политиките и донесувањето одлуки со цел да се влијае на клучните реформи за развој на правното и финансиското опкружување за поддршка на Ромите. Општа цел на проектот: Локалните самоуправи и граѓанското општество се подготвени да создадат поволна правна и финансиска средина со цел интегрирање на Ромите во општеството преку обезбедување на еднакви можности. Специфични цели на проектот: 1. Да се подобрат капацитетите за застапување на ГО и ромската заедница во спроведување на политиките за социјални претпријатија на локално и владино ниво. 2. Да се поттикне партнерство помеѓу ГО, Град Скопје и бизнис заедницата во спроведување на локалните механизми со цел создавање можности за вработување за сиромашните и лица од ранливите заедници. 3. Да се подобрат локалните политики на Град Скопје за финансиска стимулација на иницијативите за создавање социјални претпријатија, во интерес на жените и младите Роми. Таргет група на проектот: Град Скопје: Одделение за односи со јавност; Одделот за Меѓународна соработка и соработка со НВО и фондации; Релевантни оддели на Министерството за труд и социјална политика: Економско-социјален совет, оддел за политики во областа на трудовото право и политиките за вработување, одделот за еднакви можности; ГО, Ромска заедница; Бизнис сектор. Крајни корисници на проектот: Ромската заедница, младите и жените Ромки, ГО, Град Скопје, локалната заедница и општа популација, бизнис секторот. Влијание на проектот: – Граѓанските организации застапуваат и го користат своето знаење во развој на локалните политики за социјални и економски активности што се однесуваат на потребите на ромската заедница со цел нивно вработување. – Формирана е повеќесекторска работна група за социјални претпријатија и општествена одговорност. – Локалните власти ги усвоија политиките за овозможување на граѓанските организации да преземат активности за вклучување на Ром(к)ите на пазарот на трудот. – Обезбедена е локална поддршка на граѓанските организации со цел создавање различни можности за Ром(к)ите вклучувајќи и модели на социјални претпријатија, на транспарентен, одговорен, фер и недискриминирачки начин. – Локалните донесувачи на одлуки и ГО јавно ги промовираат политиките и практиките за справување со потребите на Ром(к)ите. |
Профил и квалификации:
Бараме физичко или правно лице чија главна одговорност ќе биде продукција на документарен видео спот за горенаведениот проект, а во рамките на промотивна кампања за вработување на лица од маргинализираните заедници преку формирање на социјални претпријатија. Имено, станува збор за документирање на процесот на основање на социјални претпријатија од страна на граѓанските организации кои добија мини грантови во рамки на проектот и промовирање на придобивките од ваквиот тип на активности. Физичкото или правно лице треба да има искуство и вештини во осмислување и изготвување на документарни и промотивни видеа. Физичкото или правно лице потребно е да поседува работно искуство од областа на социјален маркетинг од најмалку три години.
Кандидатите треба да ги исполнуваат и следниве основни квалификации:
- Најмалку три години работно искуство во креативни проекти и реализација на документарни видеа;
- Минимум три години искуство во продукција и постпродукција на рекламни спотови и видео материјали;
- Докажано портфолио во изработка на исти/слични продукти;
- Познавање на техники и принципи на рекламирање;
- Активно познавање на глобалните трендови во областа на документарно видео;
- Активно познавање на глобалните трендови во областа на адвертајзинг;
- Одлично познавање на англиски јазик.
Предност ќе имаат кандидати со искуство во работа со/во невладин сектор.
Изведувачот ќе биде одговорна/ен за:
- Изработка на сценарио врз основа на предложените теми во соработка со проектниот тим
- Видео: Снимање, постпродукциска обработка, монтажа и графичка и звучна обработка;
- Краток видео џингл: монтажа на секвенци од документарното видео
- Секојдневна комуникација и координација со проектниот тим.
ХЕРА ќе му обезбеди на Изведувачот преглед на содржините на проектот заедно со тематски приказ на видеото во наративна форма (бриф), истражувања од проектот и публикациите што се изготвени во рамките на проектот. Изведувачот е должен врз основа на брифот да приложи сценарија и да ги достави до ХЕРА за конечно одобрување. После одобрувањето следува правење на временска рамка и план на активности по кој ќе се одвива изработката на продуктите.
Продукти кои треба да се донесат за време на ангажманот:
- Документарен видео спот за социјалното претприемништво како концепт којшто нуди можности за интеграција на ромската заедница на пазарот на труд, преку претставување на проектните активности на Хера, со фокус на позитивните примери на социјалните претријатија формирани преку доделување на грантови на шест граѓански организации од страна на Хера. Регрантираните граѓански организации воедно беа зајакнати да застапуваат и да го користат своето знаење во развој на локалните политики за социјални и економски активности за потребите на ромската заедница со цел нивно вработување. (со времетраење од максимум 5 минути);
- Кратка верзија од видео спотот со времетраење од максимум 45 секунди.
Обврските ќе се спроведуваат на територијата на град Скопје и на територијата на град Штип.
Рок за спроведување:
Работата на оваа активност се очекува да биде спроведена во период од 21 февруари – 6 март 2020, а крајните продукти да бидат доставени во финална верзија најдоцна до 20 март 2020 година.
Рок за доставување на понудите е 14 февруари 2020 година (петок, до 17.00 часот).
Сите заинтересирани треба да обезбедат и достават:
За правни лица:
- Референци (портфолио) за Понудувачот во подготовка и испорака на ваков тип услуги;
- Креативно решение – сценарио за видео
- Финансиска понуда во приложениот формат.
За физички лица:
- Детална биографија;
- Референци (портфолио) за подготовка и испорака на ваков тип услуги;
- Креативно решение – сценарио за видео.
- Финансиска понуда во приложениот формат.
Предвид ќе бидат земени само оние понуди од физички или правни лица кои ги исполнуваат условите и кои ќе испратат комплетна документација.
Начин на избор:
ХЕРА, во согласност со одредбите од договорот на проектот, ќе спроведе повик со прибирање на најмалку 3 (три) понуди.
Критериум за избор, покрај цената, е искуството во подготовка на документарни видеа од областа на маркетинг и социјална инклузија (портфолио на организацијата и прилог на претходно изработени видеа).
Сите кандидати ќе бидат известени за резултатите од барањето за прибирање понуди за ангажирање на физичко или правно лице за видео продукција, по електронски пат, во рок од 5 дена по затворање на конкурсот.
Документите со назнака/предмет на пораката Понуда за ангажирање на физичко или правно лице за видео продукција можете да ги доставите на следниов начин:
По електронска пошта: konkurs@hera.org.mk
По пошта: ХЕРА – Асоцијација за здравствена едукација и истражување ул. Франклин Рузвелт 51а/26, Скопје, со назнака (Понуда за ангажирање на физичко или правно лице за видео продукција).
Нецелосни пријави и пријави пристигнати по крајниот рок нема да бидат разгледувани.
Останатите документи симнете ги тука: Финансиска понуда и Бриф за видео „Отвораме Можности“