Пред Вас е нашиот Осврт кон проширувањето на Европската Унија за 2023 година, со фокус на репродуктивното здравје и социјалната благосостојба на Ромите во С. Македонија.
Исклучувањето, дискриминацијата, стереотипите и стигмата се главните социо-културни пречки поради кои граѓаните кои живеат на маргините, а особено Ромките, не можат да си ги остварат своите права. За тие да се интегрираат во општеството, мора да имаат пристап до соодветни можности за вработување и квалитетни услуги за репродуктивно здравје и социјална заштита без предрасуди и дискриминација.
И покрај заложбите за членство во ЕУ, нашата држава ги намалува средствата за превентивна здравствена заштита за општествено исклучените групи на граѓани, не обезбедува сеопфатна и достатна поддршка за жртвите на семејно насилство ниту, пак, работи на намалување на високата стапкна на невработеност и на елиминирање на системската дискриинација со кои секојдневно се соочува овдешното ромско население.
Како и ланскиот извештај, така и овој дава препораки за подобрување на политиките за да може Ромките вистински да го уживаат својот социјален статус, исто како и другите граѓани во земјата.
Освртот кон проширувањето на ЕУ за 2023 година со фокус на репродуктивното здравје и социјалната благосостојба на Ромите е достапен на англиски јазик.