Ситуациската анализа за состојбата на Ромките на пазарот на трудот и искористеноста на активните мерки и услуги за вработување е спроведена во рамки на проектот„Ромките застапуваат за еднакви можности при вработување“, кој цели кон подобрување на приоретизирањето на прашањето за вработување на Ромките во националните политики и креирање ефективни мерки, како и кон подобрување на локалните политики, програми и мерки за вработување Ромки.
Предмет на самата анализа е состојбата на Ромките на пазарот на трудот со фокус на градот Скопје. Анализата дава увид во постоечките национални и локални политики, програми и мерки за вработување и нивната искористеност од страна на Ромките во Скопје, како и увид во постоечката институционална поддршка за нивна работна интеграција.
Исто така, со анализата се дава увид и во перцепцијата на самата целна група во однос на прашањата за вработување. Конечно, анализата дава препораки за подобрување на самите мерки за вработување во однос на спецификите на Ромките како целна група и нивните потреби, како и за зголемување наискористеноста на постоечките мерки за вработување од страна на Ромките.