ДАЛИ ПРЕВЕНЦИЈАТА Е ПРИОРИТЕТ ЗА МАКЕДОНИЈА?
Најдобра инвестиција за Македонија е да има здрави деца и здрави мајки. Средно развиени земји губат 10% од БДП заради некомплетна превенција на мајката и детето во првите 1000 денови (од зачнувањето до двегодишна возраст). Обезбедувањето адекватна здравствена нега на бебето е критично за менталниот и физичкиот развој и за постигнување на неговиот потенцијал и продуктивност. Македонија за да обезбеди поздраво општество, глобално поконкурентна работна сила, пониски трошоци за здравство, посилен економски развој и повисоко ниво на еднакви можности за секого, треба да инвестира во повисоко ниво на превентивна заштита. Меѓународните истражувањата велат дека повратот на инвестиции (ROI) од вложување во раниот детски развој варира од 6 до 17 долари на еден потрошен долар, што претставува најефикасен начин за оптимизација на јавните расходи за здравство и образование.
Преземете ја целата анализа на следниот линк