ХЕРА објавува јавен оглас за вработување проект/на координатор/ка во Скопје со времетраење до 31.12.2020, во рамки на проектот за подобрување на политиките, услугите и едукацијата за сексуалното и репродуктивно здравје (СРЗ) поддржано од Фондот за Население при ОН (UNFPA). ХЕРА е национален партнер за имплементација на UNFPA.
Опис на ангажман:
Проект/-ната координатор/-ка ги координира и спроведува активностите заедно со Министерството за здравство, здравствените институции, професионалните здруженија и граѓанските организации.
Активностите вклучуваат подготовка и организација на стручни обуки за здравствени работници за семејно планирање, родово-базирано и сексуално насилство и лица со попреченост; координација на работни групи за подготовка на клинички упатства од областа на безбедно мајчинство и репродуктивно здравје; организација на активности со работна група и консултанти одговорни за подготовка на стратегија и акциски планови за СРЗ; организирање на обуки и симулациска вежба за СРЗ во услови на хуманитарна криза; координација и комуникација со партнерите, пишување на периодични наративни извештаи, водење записници од состаноци, подготовка на консултантски договори, следење на буџетско трошења.
- Кандидат(к)ите треба да ги исполнуваат следните услови:
- Завршено високо образование
- Напредни познавање на политики и програми од областа на здравството и сексуалното и репродуктивно здравје
- Одлични вештини на информатичка технологија
- Одлично познавања на англискиот јазик
- Искуство на работа во динамична атмосфера и кратки рокови
- Изградени способности за тимска работа и комуникација
- Државјанство на Република Северна Македонија
За предност ќе се смета:
- Завршено високо образование по општа медицина или родови прашања
- Работно искуство на теми здравството и сексуалното и репродуктивно здравје и права
- Работно искуство во спроведување на проекти подржани од Агенции на ОН
- Сензибилизација за работа со ранливи и маргинализирани групи
Основната бруто плата е околу 42.000 денари во зависност од курсот на проектот.
Работното време е 40 часа во работната недела.
Најдоцна до 10 февруари 2020 година заинтересираните кандидат(к)и треба да достават:
- детална биографија на македонски
- писмо за мотивација на македонски јазик до 300 зборови
- потврда за завршено образование
- препорака од претходни работни ангажмани
Ве молиме во апликацијата да наведете телефон и e-адреса за контакт.
Кандидат(к)ите кои најдобро одговараат на горенаведените критериуми ќе бидат повикани на интервју по завршувањето на конкурсот. Во зависност од изборот, организација може да спроведе и тестирање на најдобрите кандидати.
Кандидат(к)ите кои нема да ги достават бараните документи во целост нема да бидат разгледувани.
ХЕРА гарантира дека сите пријавени кандидат(к)и ќе имаат исти услови при изборот без оглед на етничката припадност, родовата идентификација, сексуалната ориентација, возраста, брачниот и родителскиот статус, расата, попреченоста или која било друга основа.
Документите со назнака/предмет на пораката Конкурс за проект/на координатор/ка можете да ги доставите на еден од следниве начини:
Електронски: | konkurs@hera.org.mk |
По пошта: |
ХЕРА – Асоцијација за здравствена едукација и истражување |