Сакаме секоја Ромка да биде економски силна, социјално вклучена, независна, активна и рамноправна граѓанка во нашето општество, затоа што – секоја може!
За оваа цел, ги истраживме потребите на невработените Ромки и изработивме информативен водич за помош при вработување „Вработена Ромка – Независна Ромка“. Оваа брошура дава преглед на можностите и мерките кои тие можат да ги искористат како поддршка во потрагата по работа, сопствената надградба и обезбедувањето иднина во нашата земја.