Изработивме Прирачник за даватели на услуги во советувалишни центри за жртви на насилство, што веруваме дека ќе им послужи на обучувачите при спроведување на обука за даватели на услуги (психолози, социјални работници, правници и други професионалци кои се вклучени во процесот на советување и поддршка на жртви- те на насилство).
Целта е да се сензитивизираат давателите на услуги и да ги унапредат своите знаења и вештини за нудење на специјализирани услуги за жртви на родово засновано и семејно насилство во земјата.
Со овој прирачник на обучувачите за родово засновано насилство им се нуди модел на петдневна обука, или ефектив- ни 30 часа обука, со цел да се унифицираат обуките што ги добиваат давателите на услуги во согласност со стандардите на Европската комисија1.
Проектирано е дека на крајот на обуката, учесниците ќе се здобијат со поголеми знаења, вештини и техники за:
– Родот, родовите норми и стереотипи како фактори што го предодредуваат насилството врз жените;
– За интервенција во криза по извршено насилство, за постапување при траума и посттрауматски последици кај клиенти;
– За разбирање на принципот на доверливост;
– За разбирање на комуникациските вештини неопходни за обезбедување поддршка на жените кои преживеале насилство;
– За домашната законска регулатива и меѓународните правни стандарди за заштита од родово засновано насилство;
– За препознавање на дискриминацијата, еднаквоста и видовите еднаквост, како и за заштита од дискриминација и нејзино спречување;
– За расположливите сервиси за помош и поддршка за жртви на родово засновано насилство во нашата држава;
– За разбирање на концептот на зајакнување на жените и неговото значење за жените кои преживеале насилство.
Пристапете кон целосниот прирачник.