Секоја Ромка, сака, може и треба да биде економски силна, социјално вклучена, независна, активна и рамноправна граѓанка во нашето општество!
Затоа, преку оваа кампања, Ромките застапуваат за своите права и еднакви можности при вработување.
За оваа цел, исто така, спроведовме истражувања меѓу невработените Ромките и добивме увид во нивните потребите и можности, и изработивме информативен водич за помош при вработување „Вработена Ромка – Независна Ромка“.
Оваа брошура дава преглед на можностите и мерките кои тие можат да ги искористат како поддршка во потрагата по работа, сопствената надградба и обезбедувањето иднина во нашата земја.