Во нашата нова брошура „Сексуално преносливи инфекции – симптоми и начини на тестирање“
можете да дознаете повеќе информации за сексуално преносливите инфекции и услугите поврзани
со СПИ кои можете да ги добиете во нашите младински центри.
Во Младинските центри „Сакам да знам“ на ХЕРА се нудат дијагностика и скрининг на ХИВ и сексуално преносливи инфекции и бесплатна терапија за СПИ. Дополнително се нудат услуги од гинеколог и дерматолог/дерматовенеролог со кои можеш да се консултираш околу потребата од тестирање за сексуално пренослива инфекција. Сите услуги се доверливи и се извршуваат без упат, лична идентификација и здравствена книшка, а се целосно бесплатни.
Сексуалниот однос треба да биде уживање, а не причина за инфекции.
Посети ги нашите центри за да земеш кондом и бесплатно да се тестираш за ХИВ
и сексуално преносливи инфекции. Не ти требаат ни книшка ни пари, потребна е
само желба за заштита на сексуалното и репродуктивно здравје.
Младински центар „Сакам да знам“ – Водно
Телефонски број: 02 3176 950
Ул. Елисие Поповски бр. 2 (Амбуланта Водно, заден влез)
__________________________________________
Младински центар „Сакам да знам“ – Шуто Оризари
Телефонски број: 02 2651 955
Ул. Индира Ганди бб (Амбуланта Шуто Оризари, прв кат)