Дали ХИВ се добива од бакнеж?
Дали мажите и жените имаат исти права?
За да постои сексуално вознемирување, дали мора да ме допре?
Кога е вистинското време за прв сексуален однос?
Дали има ХИВ во портокалот?
Инфекциите поминуваат сами од себе?
Ме исмеваат во училиште поради изгледот, има ли некој да ме слушне?
Каде да пријавам булинг?
Ако имам сексуално пренослива инфекција, само јас ќе се лекувам, дечко ми не?
Како да препознам сексуално вознемирување?
Ако девојката била облечена провокативно, тогаш сама си го барала?
Каде да се обратам?
Вистинското место за разјаснување на оваа бура од прашања и дилеми е училиштето.
Информацијата значи здравје. Училиштето е вистинското место за сексуална писменост.