Секоја година Агенцијата за вработување на Република Северна Македонија подготвува Оперативен план за активни програми и мерки за вработување и услуги на пазарот на трудот со кој се креираат нови работни места за невработените лица.
Сакајќи да ги доближиме информациите за мерките што годинава може да ги користат невработените, а особено младите, лицата кои долго време се невработени и корисниците на гарантирана минимална помош, на терен дистрибуираме примероци од информативниот флаер, а на социјалните мрежи, преку „Вработена Ромка = Независна Ромка“ – следниве информативни банери:
Зошто е важно да си формално вработена?
Кои активни мерки и услуги можеш да ги користиш?
Што во случај на дискриминација на работното место?
За повеќе информации, следете нè на Фејсбук преку страницата „Вработена Ромка = Независна Ромка“. Отворена е во рамките на истоимениот проект што го имплементираме како продолжен проект уште од 2019 година, со финансиска поддршка од шведската фондација Квина тил Квина.