КОВИД-19 е сериозно заболување и секој од нас треба да настојува да го сведе на минимум ризикот од пренос и ширење на вирусот. Сите знаеме дека најдобрата заштита е редовното миење на рацете со сапун и вода, избегнувањето на контакт со секој кој има настинка и кашлица и, секако, останувањето дома доколку сме болни.
Но, како ситуацијата со КОВИД-19 влијае на сексуалниот живот? Дали вирусот може да се пренесе преку секс? Дали воопшто е паметно да се има секс во вакви времиња? А со кого? Што во однос на сексуално преносливите инфекции? Што ако имате потреба од абортус?
За да ви помогнеме, подготвивме прашања и одговори за сè што треба да знаете во врска со сексот во услови на КОВИД-19.
Брошурата е достапна и на албански јазик.