Независно што моментално капацитетите на здравствениот систем се насочени кон справување со кризата со КОВИД-19, потребите на жените и маргинализираните поврзани со сексуалното и репродуктивното здравје не смее да бидат запоставени.
Токму затоа, Владата мора да гарантира континуиран пристап до есенцијалните и животоспасувачки услуги за репродуктивно и сексуално здравје за жените и маргинализираните групи во земјата. За таа цел, буџетите наменети за овие услуги не смее да бидат намалени или стопирани, а граѓанските организации кои обезбедуваат услуги на терен за ХИВ и за репродуктивно здравје за овие групи на граѓани треба да продолжат со работа.
Еве кои услуги треба да ги опфаќа есенцијалниот пакет на услуги за сексуално и репродуктивно здравје за жените и маргинализираните во време на КОВИД-19.
Публикацијата е достапна и на албански јазик.