Лицата со попреченост ги имаат истите потреби во однос на сексуалното и репродуктивното здравје (СРЗ) како и сите останати. Сепак тие многу често се соочуваат со пречки и бариери при пристапот до информации и услуги за сексуално и репродуктивно здравје. Ова истражување има за цел да направи процена на постоечкиот систем/механизам за пристап до информации и услуги за СРЗ за лица со оштетен вид и оштетен слух и идентификација на потребите за пристап до информации и услуги за СРЗ кај лица со оштетен вид и оштетен слух во Република Македонија.
Истражувањето покажа дека лицата со оштетен вид/слух имаат тежок пристап и раз лични бариери кон пристапот до информации и сервиси за СРЗ. Најголемиот број од нив информациите за СРЗ ги добиваат преку интернет бидејќи не постојат структурирани програми за СРЗ за лица со оштетен вид/слух. Најчести бариери при пристапот до сервиси се непознавањето на знаковниот јазик и неадекватен пристап на медицинскиот персонал.
Истражувањето е достапно на македонски јазик тука.