Прирачникот за сензибилизација на здравствените работници (семејните лекари) го изготвија д-р Катерина Станкова Нинова, д-р Зоран Стојановски и Весна Матевска со цел да ја подотворат вратата за исклучително спефицична тема – сексуалноста на лицата со попреченост.
Преку објаснување сексуалноста, сексуалното и репродуктивното здравје и планирањето на семејството кај лицата со попреченост, но и преку доближување на бариерите со кои тие се соочуваат, овој прирачник настојува да им помогне и на самите лица со попреченост, но и на лекарите за да можат полесно да се справат со ситуации кои токму поради недоволната практика, отстапуваат од вообичаените и бараат интердисциплинарен пристап.
Прирачникот е достапен на македонски и албански јазик.