ХЕРА – Асоцијација за здравствена едукација и истражување, со поддршка од Германското друштвото за меѓународна соработка (ГИЗ), објавува повик за избор на тим од двајца експерти за подготовка и спроведување на активност за подигање на јавната свест за значењето и важноста на родовата еднаквост. Оваа активност ќе се спроведе преку реализација на кампања на социјалните медиуми за промовирање на родовата еднаквост.
Ве покануваме да ни ги доставите Вашите понуди по електронски пат на konkurs@hera.org.mk најдоцна до 12 јануари 2024 година.
Позадина
Родовата еднаквост значи еднакви права, одговорности и можности за жените и мажите, и девојчињата и момчињата. Еднаквоста значи дека правата, одговорностите и можностите на жените и мажите нема да зависат од тоа дали се родиле како женско или како машко. Под родова еднаквост се подразбира дека се земаат предвид интересите, потребите и приоритетите и на жените, и на мажите, со што се признава разноликоста на различните групи на жени и мажи. Еднаквоста на жените и мажите се смета за прашање од областа на човековите права, но и предуслов и показател за одржлив развој и демократија во чиј центар е човекот.
Во Република Северна Македонија, повеќе од половина од жените на работоспособна возраст не се ниту вработени, ниту регистрирани во Агенцијата за вработување; 62 % од нив не барат работа поради тоа што се грижат за семејството. Жените извршуваат 72 % од неплатената работа поврзана со грижа за домот, децата, возрасните лица и лицата на кои им е потребна поддршка. Дополнително, повеќе од половина од времето што жените го посветуваат на работа е неплатено, а и нивната платена работа е помалку вреднувана. Жените со високо образование заработуваат 22 % помалку од мажите со високо образование. Иако во просек жените се пообразовани од мажите, мажите се мнозинство од работодавците (78 %) и самовработените (82 %), додека повеќе од половина од неплатените семејни работници се жени (68 %).
Изминатите години низа донесени закони, подзаконски акти и ратификувани меѓународни документи сведочат за успех во унапредувањето на родовата еднаквост во нашата земја. Тоа значи промоција и уживање на човековите права на секој во нашата земја, инклузивност и уважување на сечии потреби и добросостојба и градење на безбедни простори за дискусија на овие теми заради подобро заедничко разбирање и прифаќање. Во согласност со законската регулатива и усвоените политики, во земјата се спроведуваат и низа мерки кои доведуваат до омоќување на жените и девојките, односно зголемување на можностите за жените и девојките заради постигнување родова еднаквост. Промовирањето на позитивните практики овозможува развој на позитивен дијалог за прашањата на родовата еднаквост кој води кон нејзино унапредување.
- Општа цел на активноста:
Да се подигне свеста за значењето на родовата еднаквост и да се предизвика позитивно влијание врз ставот на јавноста кон прашањата поврзани со постигнување родова еднаквост, како придонес кон инклузивно и правично општество.
- Специфични цели:
– Да се креираат комуникациски алатки кои придонесуваат за подигнување на јавната свест за родовата еднаквост во едно инклузивно и правично општество;
– Зголемено разбирање и прифаќање на родовата еднаквост во просторот на социјалните медиуми и промовирање на еднаквоста.
- Целна група на активноста:
– Главна целна група се општата јавност, жените и девојките од различни групи.
Задачи и очекувани продукти
Во соработка со проектниот тим на ХЕРА, тимот на експерти, ќе работи на следните задачи во насока на подготовка и спроведување на кампања на социјалните медиуми:
Работен пакет 1. Подготовка на кампања за социјални медиуми
А) Развивање на концепт за кампања на социјалните мрежи за промоција на родовата еднаквост;
Б) Даден придонес кон развој на комуникациски план за кампања на социјалните медиуми;
В) Подготовка на повик за ангажман на продукциска куќа за изработка на четири (4) видеа;
Г) Даден придонес во развојот на сценарија на четири (4) видеа за подигање на јавна свест за родова еднаквост;
Д) Соработка и координација со ангажираната продукциската куќа при изработка на видеата, вклучително и соработка со лица вклучени во видеата
Ѓ) Подготовка на текстови на објави според изготвен план за промоција.
Работен пакет 2. Спроведување на кампања на социјални медиуми
Е) Соработка со проектниот тим во спроведувањето на кампањата – планирање на објавите согласно планот за комуникации, следење на резултатите од објавените видеа и текстови и координација во однос на потреби за адаптирање на текстовите соглавно тековниот прием на кампањата
Ж) Извештај за спроведената кампања.
Тимот од двајца експерти се очекува да работи заедно во исполнување на предвидените задачи и достатување на очекуваните продукти. За погоре наведените задачи и продукти тимот на експерти е одговорен пред и известува кон проектниот координатор.
За оваа консултантска услуга се предвидени до вкупно 40 работни дена, односно до 20 дена по експерт. За услугата e превиден надомест од 6.142,50 денари во бруто износ по ден, односно најмногу до 122.850,00 денари во бруто износ за експерт (вкупна бруто сума од најмногу 245.700,00 денари).
Период на ангажманот:
Задачите и очекувани продукти, тимот на експерти е должен да ги изврши во периодот од 20.01.2024 до 30.04.2024 година.
При изборот ќе се земат предвид следните општи услови:
Квалификации на експерт 1 и на експерт 2:
- Завршено високо образование, во областа на општествените или хуманистички науки или сродни науки;
- Најмалку 3 години искуство во подготовка на анализи, комуникациски стратегии и комуникациски алатки во областа на родовата еднаквост;
- Докажана експертиза во областа на родовата еднаквост, преку изработени истражувања и анализи во последните 3 години;
- Течно говорење и пишување на македонскиот и англискиот јазик;
- Докажана способност за планирање и организација, преку вклученост во координација на најмалку еден проект во областа на родова;
- Искуство во спроведени кампањи на социјалните медиуми во последните 3 години.
Потребни документи
- Кратка биографија на македонски јазик,
- Мотивационо писмо, и
- Референтна листа на претходни слични ангажмани.
Рокови и процедура
Јавниот повик е отворен за сите заинтересирани кандидат(к)и до 12 јануари 2024 година. Апликацијата може да се поднесе од страна на организација/компанија преку доставени документи за двајца експерти, или од страна на тим од двајца индивидуални експерти.
Документите со назнака/предмет на пораката Јавен повик за избор на тим експерти за подготовка и спроведување на активност за подигање на јавната свест за значењето и важноста на родовата еднаквост за кандидат(к)ите можат да ги достават преку електронска пошта konkurs@hera.org.mk
Лицата коишто аплицирале ќе бидат известени за резултатите од повикот по електронски пат, во рок од најмногу 3 дена од донесувањето на одлуката за избор.
ХЕРА гарантира дека при изборот сите кандидат(к)и ќе имаат еднакви услови, без разлика на етничката припадност, родовото изразување, сексуалната ориентација, возраста, брачниот и родителскиот статус, расата, попреченоста или било која друга основа.