Неодамнешните измени во законската регулатива за абортус кои беа донесени по скратена постапка, без консултација на стручната јавност и без јавна расправа, го ограничуваат правото на слободен избор на жената и дополнително го усложнуваат и го бирократизираат процесот на добивање на здравствената услуга абортус. Оттука, решивме да ги истражиме ставовите кон абортусот меѓу генералната популација и стручната јавност (гинеколозите) во врска со абортусот и со новите законски измени за прекинувањето на несаканата бременост, како и свесноста за владината телевизиска кампања против абортус „Избери живот, имаш право на избор“ и нејзиниот ефект врз ставовите на граѓаните.
Истражувањето е достапно на македонски и англиски јазик.