Со неодамна усвоениот Закон за прекинување на бременоста значително се унапредува репродуктивната слобода во земјава: жената повторно може слободно да одлучува дали и кога ќе основа семејство и колку деца ќе има.
Почнувајќи од бришењето на административните бариери кои го отежнуваа или значително го оневозможуваа пристапот до абортус како здравствена услуга, па до воведувањето на медикаментозниот абортус, оваа брошура ги објаснува придобивките што ги носи новото законско решение со чие доследно спроведување ќе се обезбеди безбеден и слободен репродуктивен живот за жените, мажите и семејствата кај нас.
Дополнително, брошурата нуди и препораки за медиумите и новинарите коишто веруваме дека ќе придонесат кон посоодветно известување за прашања поврзани со пристапот до абортус.
Брошурата е достапна на македонски јазик на овој линк.