Оваа студија за родова проценка го анализира спроведувањето на социјалната политика на локално ниво во три општини така што утврдува до колкав степен овие политики ги одразуваат локалните потреби на мажите и жените, и дали предложените мерки ќе ја унапредат родовата еднаквост. Притоа, предвид ги зема законските мерки за систематско интегрирање на начелото на еднакви можности за жените и мажите во процесот на креирање, спроведување и следење на политиките и буџетите на национално и локално ниво, пропишани со Законот за еднакви можности за мажите и жените, кој Македонија го усвои во 2006 година, и Стратегијата за родово одговорно буџетирање.
Студијата е достапна на македонски и англиски јазик.