ХЕРА – Асоцијација за здравствена едукација и истражување објавува конкурс за ангажирање на координатор/-ка на младинските центри за сексуално и репродуктивно здравје „Сакам знам” во Скопје, за периодот јануари – декември 2019 година.
- Кандидат(к)ите треба да ги исполнуваат следните услови:
Општи квалификации:
- Завршено високо образование во областа на општествените науки или завршено средно образование со најмалку петгодишно искуство на проекти во граѓанскиот сектор
- Одлично познавање на македонскиот и англискиот јазик
- Одлично познавање на работа со компјутери (Microsoft office)
- Државјанство на Република Македонија
Искуство и вештини:
- Најмалку двегодишно работно искуство во граѓанскиот сектор и во раководење проекти, односно најмалку петгодишно работно искуство во граѓанскиот сектор доколку кандидатот/-ката е со завршено средно образование
- Изградени вештини за тимска работа и комуникација
- Изградебни вештини за раководење на тим
- Искуство во координација или спроведување проекти поврзани со обезбедување здравствени или социјални услуги за ранливи групи
- Основни познавања за националните политики и програми за унапредување на сексуалното и репродуктивното здравје и за превенција на ХИВ меѓу млади/ранливи групи граѓани
Предност ќе имаат кандидат(к)ите со:
- Искуство во работа со млади и маргинализирани групи (мажи што имаат секс со мажи, лица кои инјектираат дроги, сексуални работници/-чки) и/или
- Искуство во креирање и спроведување политики, програми и проекти за унапредување на сексуалното и репродуктивното здравје и за превенција на ХИВ меѓу млади/ранливи групи граѓани
- Опис на работната позиција:
Координаторот/-ката ќе биде целосно одговорен/-на за организирање на работата на младинските пријателски центри „Сакам да знам“ во амбулантата на Водно и амбулантата во Шуто Оризари. Обврските ќе бидат поврзани со логистика за непречено нудење на директни услуги во центрите, сервисна статистика – база на податоци, набавки (медицински материјали, лекови и канцелариски материјали), подготовка на месечни извештаи и комуникација со тимови на даватели на услуги, партнерски организации, комуникација со целните групи – корисници на услугите. Ќе биде одговорен/-на да врши постојана промоција на центрите преку теренски активности, социјалните медиуми и преку соработка со граѓански организации и училишта и други установи во кои има или кои работат со млади и ранливи групи граѓани.
Вработениот/-та ќе ги извршува работните обврски во младинските центри „Сакам да знам” (4 дена) и во административната канцеларија во ХЕРА (1 ден) во текот на работната седмица. Работниот ангажман се однесува на период од 11 месеци со работно време од 30 работни часа неделно со покриени придонеси за здравствено и пензиско осигурување. Предвидената плата изнесува 25.000,00 денари во бруто износ.
Најдоцна до 23 јануари 2019 година (среда) до 18.00 часот заинтересираните кандидат(к)и треба да достават:
- Кратка биографија на македонски јазик
- Писмо за мотивација на македонски јазик
- Електронска (скенирана) копија од диплома за завршено високо образование
- Една препорака од претходните ангажмани како проектен координатор
Ве молиме во апликацијата да наведете и телефон и e-адреса за контакт.
Кандидат(к)ите кои ќе влезат во потесниот избор, ќе бидат повикани на разговор при што ќе треба да ги донесат оригиналните документи на увид.
ХЕРА гарантира дека сите пријавени кандидат(к)и ќе имаат исти услови при изборот без оглед на етничката припадност, родовата идентификација, сексуалната ориентација, возраста, брачниот и родителскиот статус, расата, попреченоста или која било друга основа.
Документите со назнака/предмет на пораката Конкурс за координатор/–ка на младински центри „Сакам да знам” можете да ги доставите на следниов начин:
Електронски: | konkurs@hera.org.mk |
По пошта: | ХЕРА – Асоцијација за здравствена едукација и истражување ул. „Франклин Рузвелт“ 51а/26, 1000 Скопје |
Кандидат(к)ите кои најдобро одговараат на горенаведените критериуми ќе бидат повикани на интервју по завршувањето на конкурсот.