09.01.2019

Јавен повик до граѓански организации за доделување грантови

ХЕРА – Асоцијација за здравствена едукација и истражување отвора јавен повик за граѓански организации за доделување грантови во истоимената програма на проектот „Отвораме можности“ со цел да придонесе кон градењето на поволна правна и финансиска средина за интегрирање на Ромите во општеството преку обезбедување еднакви можности.

На ваков начин се очекува да се подобрат локалните политики на Град Скопје за финансиска стимулација на иницијативите за создавање социјални претпријатија во интерес на жените и младите Роми.

Преку доделените грантови ќе се поттикнат одржливи локални иницијативи на граѓански организации преку креирање на социјални претпријатија. Програмата има за цел да ги поттикне граѓанските организации (особено на локално ниво) да се зајакнат и да воспостават партнерства и соработка со субјекти од други сектори (со бизниси, институции, граѓани и други чинители), односно да им обезбеди поддршка и ресурси за нивните социјално претприемачки иницијативи, практики и услуги што ги нудат во рамки на своето секојдневно работење.

Граѓанските организации ќе имаат можност да обезбедат долгорочно одржување на своите програми и активности преку кои придонесуваат за целните групи и јавниот интерес и за остварување на сопствените мисии и визии.

Целта на програмата за доделување грантови е поддршка на граѓанските организации да искористат нови пристапи за инклузија на лица од ромската заедница на пазарот на трудот, но и да се изгради партнерство меѓу Градот Скопје, бизнис-заедницата и граѓанскиот сектор за развој на социјалното претприемништво на локално ниво. 

Се очекува програмата да им овозможи на граѓанските организации да ги градат своите капацитети за креирање на проектни апликации во вид на бизнис-планови, финансиско водење на мали претпријатија, мрежно работење и администрирање на проекти поддржани од Европската Унија. Низ проектниот циклус се очекува грантистите да ги прошират капацитетите и способностите за управување со грантови финансирани од ЕУ.

Право на учество, согласно критериумите за подобност, имаат домашни граѓански организации формирани согласно Законот за здруженија и фондации коишто се регистрирани најмалку една година пред објавата на овој повик.

Рокот за поднесување на апликациите е до 18.02.2019 година до 16 часот (до тогаш апликацијата треба да e поднесена до Здружението ХЕРА – Асоцијација за здравствена едукација и истраќување). Апликациите се доставуваат во еден примерок по пошта, курир или лично на адреса: ул. „Франклин Рузвелт“ 51 а/26, 1000 Скопје, Македонија. Секој апликант може да достави само една апликација во рамки на повикот. Апликантите не можат да се јават како ко-апликанти во друга апликација. Минималната сума за која може да се аплицира е 491.680,00 денари, а максималната 921.900,00 денари.

Согласно Јавниот повик, апликантите доставуваат:

Насоките за аплицирање, како и целокупните информации за целите, активностите и критериумите за доделувањето на грантовите се достапни во Упатството за аплицирање. За дополнителни прашања и информации можете да се обратите на vaska.panova@hera.org.mk, согласно насоките во упатството.

Се замолуваат граѓанските организации да го проследат овој повик до сите заинтересирани соработници формирани согласно Законот за здруженија и фондации.

Информативни  средби  во врска со повикот ќе се одржат во два града:

  • Инфо-сесија во Скопје – 16.01.2019 со почеток во 10:30 во ЕУ Инфо-центар
  • Инфо-Сесија во Битола – 22.01.2019 со почеток во 10:30 во Хотел Епинал

Ве очекуваме!

 

Публикации

Кампањи

Сервиси

Работа со Х.Е.Р.А.

Пролетна Европска недела на тестирање за сексуално преносливи инфекции

Од 17 до 24 мај ја одбележуваме пролетната Европска недела на тестирање под мотото „Тестирај. Лекувај. Превенирај“. Зошто? Затоа што сексуалниот однос треба да биде причина за уживање, не за инфекции! А тестирањето за сексуално преносливи инфекции – дел од грижата за сопственото здравје!

Повеќе »

Бесплатни услуги

ХЕРА нуди низа бесплатни, анонимни и доверливи сервиси од областа на сексуалното и репродуктивно здравје. ХИВ тестирање, гинеколошки и дерматовенеролошки прегледи, бесплатна правна помош, дистрибуција на кондоми и едукативни материјали, советување

Повеќе »

Повик за понуди: Анализа на пазарот за потребата од услуги од социјалното претпријатие „Нега Плус”

ХЕРА – Асоцијација за здравствена едукација и истражување објавува конкурс за ангажирање физичко или правно лице за спроведување анализа на пазарот за воведување нова линија на услуги во рамки на работењето на социјалното претпријатие „Нега Плус”.

Повеќе »

Партнери


Civica Mobilitas Opstina Centar European Delegation in Macedonia UN Women Groupe SOS CFSD Embassy of the United States Skopje, Macedonia Netherlands Embassy in Skopje, Macedonia Astra Network Град Скопје The Global Fund EGAL Коалиција СЗПМЗ Коалиција хомофобија Комерцијална банка Министерство за здравство IPPF - IPPF European Network National partnerscratic Institute NDI Национален младински совет Општина Струмица Македoнска платфoрма прoтив сирoмаштијата Радио МОФ УНФПА Фондација отворено општество – Македонија (ФООМ) http://psihologija.com.mk/
Copyright 2013 - HERA All rights reserved.