Изминува уште една година без сеопфатно сексуално образование (ССО) во училиштата. Па, преку низа предновогодишни честитки испратени од Амстердам, Скопје, Естонија, Тирана и Данска, младите му порачаа на Министерството за образование и наука што сакаат да им донесе во новата 2019-та!
Долгогодишните заложби за воведување на ССО во формалното образование придонесоа кон развивањето на предлог-модел и програма за воведување на сексуалното образование во основните училишта како изборен предмет. Овој модел го изработија Бирото за развој на образованието и експертска работна група со наша поддршка, по што претставен на нашата конференција за сеопфатно сексуално образование и испратен Министерството за образование и наука за одобрување.
Се надеваме дека новата година конечно ќе ни донесе пилот-програма за ССО! Затоа што #СекоеПрашањеЗаслужуваОдго