По повод 3 декември, Меѓународниот ден на лицата со попреченост, заедно со Платформата за унапредување на сексуалното и репродуктивното здравје и права на лицата со попреченост, потсетуваме дека лицата со попреченост – како и лицата без попреченост – се сексуални битија.
Па, за да можат да си го остварат правото на пристапни и достапни здравствени услуги, вклучително и на оние за сексуално и репродуктивно здравје и да добијат услуги согласно нивните индивидуални потреби, потребно е да се отстранат бариерите кои постојат на сите нивоа во нашето општество. Оти, попреченоста е во општеството, а не карактеристика на одредена личност.
Сите илустрации направени за оваа кампања можете да ги погледнете тука.
Дело се на стрип-авторот Игор Стевковски.